Кафе муабет

Ова е бабицата која ќе ја породи Хана Хулиќ: Таткото на Грашо ми вети дека ќе ја породам снаата!

Има неколку совети за младата Хана...

Таткото на познатиот хрватски заводник Петар Грашо по се згледа е најсреќен поради веста за приновата.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Имено Зоран има голема желба синот да му подари внук кој би ја продолжил нивната лоза, бидејќи ќерката Буга иако има деца, тие не го носат презимето Грашо, вели акушерката Босиљка Буловиќ, која одела во основно училиште со таткото на Петар.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Имав чувство дека ќе добијат бебе, од моментот кога дознав дека се заедно. Зоран навистина долго време сакаше Петар да му подари внук. И двете семејства имаат совршени гени, очекувам новороденчето Грашо – Хуљиќ да биде дете кое ќе биде исклучително талентирано и за кое далеку ќе се слушне кога ќе порасне, изјави за „Слободна Далмација“ „славната бабица“ Босиљка Буловиќ.

фото Пиксел

Босиљка со своите вредни совети сака да им помогне на идните родители Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31).

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Имам многу да и кажам на Хана, слободно контактирајте ме, и гарантирам природно и безболно породување – рекла акушерката.

Претходно, кога се шпекулираше за бременоста на Хана, сплитската бабица изјави дека таткото на Грашо, Зоран, и рекол дека таа ќе ја породи неговата снаа кога ќе дојде тој ден.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Таткото на Грашо, Зоран секогаш вели дека ќе се грижам за детето на Петар.

Веста за бременоста на Хана брзо се прошири на социјалните мрежи. Вистината за истата ја потврди Мартина Подгорски, раководител за комуникација на Петат Грашо.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се исклучително среќни. Како што знаете, Хана и Питер отсекогаш биле, и ќе продолжат да се трудат што е можно повеќе да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Сеуште немаат планови за свадба –  изјави Мартина Подгорски за 24,часа.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Приновата треба да пристигне на почетокот на летото, а пред извесно време во медиумите беше обелоденета и информацијата дека парот планира венчавка која треба да се случи во март, кога и Грашо слави роденден.

Веста ја потврди и самата Хана откако почнаа да кружат гласини за породувањето.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист, наведувајќи дека е бремена околу 12 недели.

На крајот на минатата година се шпекулираше дека парот планира свадба, а потоа се пишуваше дека Хана веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Двојката пред неколку дена беше видена како се шета по западниот брег на Сплит во друштво на мајката на Хана, Вјекослава Хуљиќ, и изгледаа среќни и добро расположени.

Фото инстаграм/Петар Грашо

“Ние сме многу среќни и задоволни. Така треба да биде. Со Хана ни е многу добро и ние сме среќни”, изјави неодамна пејачот во едно интервју.

Веста за приновата била соопштена само на најблиските членови на семејството, па поради тоа Тончи Хулиќ, таткото на Хана истакна дека е многу изненаден.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Како што истакнува самиот Тончи, за се биле информирани само најблиските членови на семејството и пријателите, пренесува Вечерњи.хр.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Продолжувајќи ја сегашната ситуација и безброј повици, можам да кажам само две работи: под еден, се надевам дека и мојот син наскоро ќе ме изненади со една ваква вест. А под два, ние навистина не сме ријалити семејство, не се трудиме да полниме портали и да ја малтретираме јавноста со нашите приватни животи – истакна Хуљиќ и додаде:

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Не се сметаме себеси за посебни и различни од другите луѓе за да ја заинтригираме јавноста до тој степен. Затоа ова е се што можам и сакам да кажам на оваа тема и сигурен сум дека моето мислење го делат сите кои сега се дел од семејството.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close