Кафе муабет
Ова девојче со боженствен глас Лепа Лукиќ сакала да го посвои – не можеше да и одолее!
Лепа ја замоли мајка ми да ме даде на неа. Меѓутоа, мајка ми не сакаше - изјави Билјана...
Билјана Ѓелиќ од Прокупље уште од мали нозе ги освоила симпатиите на кралицата на народната музика Лепа Лукиќ.
Имено кога била мала Билјана покажувала интерес за музичката сцена но нејзината баба не дозволила серозно да се занмава со музика.
Иако сега деновите ги минува работејќи како дистрибутер на храна во болницата за ортопедија, таа вели дека секојдневно им пее на пациентите кои се нејзини најголем фанови и со нетрпение ја очекуваат да се појави со песна.
Билјана откри дека поради божествениот глас Лепа Лукиќ дури и сакала да ја „посвои“.
– Полна соба со пациенти, јас влегувам со песна. Често пеам „– изјави Билјана во емисијата „300 чуда“ и се присети како ја запознала Лепа Лукиќ.
– Отидов со мајка ми да ја слушам. Кога влеговме, таа се шминкаше, а јас пипкав се што маше во собата. Мајка ми не попушти, ми рече дека Лепа ќе се налути, но таа и рече да ме остави. Мајка ми и кажа дека убаво пејам, а Лепа ја замоли мајка ми да ме даде на неа. Меѓутоа, мајка ми не сакаше – изјави Билјана.
Јасно е дека гласот на Билјана ја маѓепса Лепа Лукиќ, па пејачката веројатно сакала секојдневно да ужива во нејзиниот вокал.
Пејачката поради грешка во абоpтуc остана без деца…
Лепа Лукиќ за време на својата кариера беше позната како дама без влакна на јазикот, па во лице го кажуваше сето она што го мислеше.
Таа зад себе имаше бурен живот, кој никогаш не го криеше од јавноста, но и покрај толку работи што се познати за неа, постои и нешто што речиси никој не го знае. А тоа е дека нејзиното вистинско име е Лепава Мушовиќ.
81 годишната кралица на народната музика, Лепа Лукиќ има болно минато. Таа во една прилика реши да проговори за нејзината најболна тема, а тоа се децата.
Имено пејачката абоpтирала во својата младост, а после тоа сакала да има наследници, но желбата и останала неисполнета.
– Тоа беше пред повеќе од 55 години. Тоа беше рана бременост, детето практично не беше зачнато кога абортирав. Многумина го прават тоа, така што потоа имаат пет или шест деца – рече таа.
– Не знаев дека ќе заврши вака. Не знам и никогаш нема да знам дали тој абортус влијаеше врз мене да немам повеќе деца. Никој не ми го кажа тоа – зборуваше пејачката за болна тема, која обично ја избегнува.
Оваа информација пред неколку години ја потврди и нејзиниот поранешен сопруг Влада Перовиќ кој го фати како ја изневерува, за српски Курир откри дека Лепа не можела да стане мајка поради лекарска грешка при абoртус.
-Пред да стапиме во брак, Лепа имаше абортус. Лекарите не го изведоа добро зафатот, имаше компликации потоа, и од тогаш повеќе не можеше да забремени. Мене не ми пречеше што немаме наследници, зошто навистина ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавност, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго себеси се обвинуваше за сето тоа, ја носеше таа вина на душа со години. Се надевам дека успеа да се избори со тоа, и дека си прости себеси, изјави тогаш Перовиќ.