Кафе муабет
ОВАА ШПАНСКА УБАВИЦА Е СОПЕРНИЧКА НА АНАСТАСИЈА: Немања Гудељ се фотографираше со неа а за потегот на неговата мајка зборуваат сите- Ражнатовиќ не го очекуваше ова
Има многу фанови...
Додека медиумите пишуваат за љубовта на Анастасија Ражнатовиќ со Немања, мајката на Гудељ објави слика од друга девојка… дали се работи за ривалката на младата пејачка?
Анастасија Ражнатовиќ е во постојан контакт со семејството на Немања па нема сомнеж дека одлично се согласува со сите од семејството Гудељ.
Уште од престојот на Таша во Шпанија стана јасно дека таа е многу блиска со Вања Гудељ, сестрата на Немања, но и мајката Оливера често била во нивно друштво.
Медиумите веќе ја претставуваат како пријателка на Цеца, но сега г-ѓа Гудељ објави слика која на многумина им беше „како трн во окото“.
Во екот на наводната голема љубов на Немања и Анастасија, мајката на Гудељ на својот Инстаграм сподели слика од долгокоса убавица која на сите им е непозната!
Очигледно се работи за обожавателка на Немања а несомнено е дека ги има доста- судејќи по неговиот Инстаграм профил кој го следат милион и пол луѓе. Интересно е и тоа што мајката на Немања коментирала со многу срциња на фотографијата па очигледно и се допаѓа девојката со која нејзиниот миленик се фотографирал.
Имено Цеца Ражнатовиќ е воодушевена од тоа какво момче избрала нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, но наводно ја советувала се уште да не се мажи „бидејќи е премлада“.
Младата пејачка толку се заљубила во фудбалерот што по само три месеци врска веќе е подготвена за брак.
– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторникот со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор за „Информер“ и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:
– Се беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24 роденден.
Анастасија исто така очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!
– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.