Кафе муабет
Оваа фотографија од Севиља кажува се: Анастасија стави крај на сите озборувања- ова е вистината за односот со семејството Гудељ
Тие се заљубени како и првиот ден...
Веќе извесно време се шпекулира дека „Анастасија и Гудељ се во љубовна криза“.
Имено според тамошните медиуми „Анастасија е беспомошна во војната против свекрвата“, „Мајката и сестрата на Немања Гудељ не ја поднесуваат пејачката“ а ниту една страна не се огласи по овие написи.
Дека Анастасија Ражнатовиќ и женскиот дел од семејството Гудељ не биле во добри односи можеше да се погоди веднаш штом се отследија од Инстаграм. Потоа следуваше Светското првенство во Катар, каде од различни страни на трибините го бодреа Немања во дресот на српската репрезентација и со тоа на сите им ставија до знаење дека ситуацијата меѓу нив не е баш сјајна.
Конфликтот како да дојде преку ноќ, а иако на почетокот се беше во ред и бевме сведоци дека ќерката на Цеца одлично се вклопи во семејството Гудељ, се погласни се гласините дека несогласувањата меѓу неа и мајката на нејзиното момче се несовладливи.
Според пишувањата на медиумите, Таша со сите сили се обидела да ја среди ситуацијата, па дури и разговарала со своето момче на оваа тема, но мајката на Немања останала тврдоглава во намерата со своето однесување да ја расипе среќата на младиот заљубен пар.
Она што е чудно е што на почетокот на врската на Анастасија и Немања, тие две беа исклучително блиски.
– На Немања не му е лесно. Растргнат е на две страни. Од една страна го сака семејството, а од друга девојката. Никој не сакаше да се случи овој конфликт, но еве. Анастасија навистина покажала интерес да го реши проблемот и да врати се како што беше на почетокот, но семејството на Гудељ, поточно мајката , не покажа добра волја. Ќе видиме што ќе биде во иднина, двајцата сега се во Шпанија, функционираат одлично и се обидуваат да се фокусираат на нивниот однос и обврските што ги има кон спортот – рече неодамна извор за српски Курир.
Изворите тврдат дека до кавгата дошло затоа што Оливера сакала премногу да се меша во животот на нејзиниот син, а нејзината ќерка ја поддржувала во тоа.
Сепак, се чини дека за заљубениот пар не е сè изгубено, а тоа го поткрепува и најновата објава на Анастасија на социјалните мрежи.
Имено, таа со своите следбеници сподели фотографија направена на стадионот „Рамон Санчез Пишуан“ во Севиља, на која е во друштво со таткото на своето момче.
Тие двајца го гледаа првиот заеднички натпревар на Немања во 2023 година, а фотографијата кажува многу.
Имено следбениците на младата пејачка заклучија дека „Небојша Гудељ, за разлика од неговата сопруга Оливера, нема ништо против избраничката на неговиот син“.