Кафе муабет
Оваа фотографија е доказ дека Тони ја замени Драгана- ужива во прегратките на оваа помлада убавица (ФОТО)
Ќерката Мануела е негова миленичка...
Сопругот на Драгана Мирковиќ, угледниот бизнисмен Тони Бијелиќ, конечно дочека да и ги покаже на јавноста своите наследници Марко и Мануела, кои избраа да живеат во медиумска сенка речиси две децении.
Мануела порасна во убава млада црнка која буквално е копија на нејзината мајка Драгана.
Фотографијата која сопругот на Драгана Мирковиќ ја објави во прегратките на својата наследничка ја воодушеви јавноста бидејќи обожавателите на Драгана Мирковиќ сфатија дека пејачката доби достојна замена.
Ќерката Мануела е вистинска принцеза чии родители и го обезбедиле животот од соништата, а многумина се прашуваат како ќе изгледа момчето кое ќе успее да го освои нејзиното срце и да добие наклонетост и од нејзиниот татко, кој е маѓепсан од неговата принцеза.
Тони е нејзина сродна душа…
Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ со години живее на релација Србија-Австрија, а во Белград често доаѓа поради деловни обврски.
Драгана во интервју за медиуми еднаш откри како успеала да живее во хармонија со сопругот Тони Бијелиќ и да ја одржи љубовта и бракот речиси 20 години.
Драгана откри како после 20 години се справува со љубомората.
„Каква љубомора, нема место за тоа ниту кај мене, ниту кај Тони. Немаме причина за тоа, многу сме слични и кога до себе го имате својот одраз во огледалото, нема простор за несогласувања, а камоли за љубомора.
На прашањето дали Тони и се јавува да провери кога се враќа дома или од свирка таа вели:
– Мојот Тони? Не… Никогаш не ме прашал тоа, ниту ќе ме праша. Исто така, кога е на деловни состаноци, никогаш не му се јавувам да прашам кога ќе се врати дома. Ваквите собири можат да траат до доцна во ноќта, па дури и цела ноќ. Секогаш знам каде е и не се грижам.
Пејачката вели дека во нивниот дом многу ретко се случува караница а успехот во бракот го препишува на среќата.
– Не го знам одговорот на тоа прашање, бидејќи во нашата куќа нема повишен тон и не се сеќавам кога сме се скарале. Подобро да не зборувам за тоа бидејќи не знам дали луѓето ќе ми веруваат.
Многумина се прашуваат како успевате се – мајка, пејачка, добра сопруга? Која е тајната?
– Верувајте ми, имав среќа. Да се прашав, одамна ќе ја напуштав музиката и кариерата. Сепак, поради мојата прекрасна публика, останав во овие води. Јас не сум една од оние амбициозни жени.
Децата на пејачката Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ секогаш се криеле од очите на јавноста, а пејачката со години успешно ја крие приватноста на своето семејство.
Меѓутоа, ќерката на Драгана, Манеула неодамна го отклучи својот Инстаграм профил и оттогаш привлекува големо внимание.
Мануела пред извесно време го прослави својот 20-ти роденден, а во приказната сподели неколку фотографии од прославата.
-Мануела е поинаква, повлечена е, таа е мое бебе. Моите пријатели велат дека е девојка со најубави очи и најчиста душа.Тие се нормални деца што е најубав комплимент денес. Не се разгалени, тие не патат за брендови, јас дури еднаш ја замолив ќерка ми да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне, срам и е другарките да ја видат во него.Таква е таа“, изјави Драгана за Стори.
„Кај нас доаѓа друштво од различно потекло, а пред се пријателите ни се претежно луѓе со некоја просечна плата. Нашите деца се свесни за парите и веќе имаа можност да заработат. Марко на пример се занимаваше со сметководство. Мануела работеше на рецепција три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики. Тоа беше нивна желба да работат, ние не ги принудивме на тоа“, вели Драгана Мирковиќ.