Кафе муабет
Оваа фотографија е доказ дека се заедно – Дарко Лазиќ ужива со новата девојка
Барбара сподели детал од аеродром и откри се!
Како што објавија српските медиуми наводно Дарко бил многу заљубен во Барбара од која, очигледно е дека не се разделува…
Пејачот Дарко Лазиќ периодов е во центарот на внимането поради разделбата спо неговата свршеница Марина Гагиќ а по само неколку месеци започна врска со пејачката Барбара Бобак.
Како што објавија српските медиуми наводно Дарко бил многу заљубен во Барбара од која, очигледно е дека не се разделува.
Барбара и Дарко беа во Цирих претходните денови.
Кога се враќаа, пејачката го фотографираше Лазиќ на аеродромот.
Судејќи според снимката, пејачот бил расположен, па се пошегувал и „позирал“ пред камерата.
Инаку вчера Барбара се огласи во врска со гласините дека е заедно со Дарко и истакна дека за тоа треба да го прашаат пејачот.
– Нема докази. Оставете ги луѓето да погодуваат. Се знаеме од 1 мај. Се запознавме така што работев во компанијата во која и тој работеше. Тој дојде тогаш, а потоа се сретнавме – рече Барбара, додавајќи дека е воодушевена од Лазиќ.
– Дарко е прекрасен. Тој е душа од човек. Убаво ми е во негово друштво, исто како што би му било на секој.
Барбара го коментираше и видеото кое е направено на една прослава, во кое Дарко и таа се многу блиски.
– Тоа е моја приватна работа. Секој се снима со секого. Ниту едно снимање не може да докаже, потврди или негира ништо. Во видеото сме еден покрај друг и позираме. Најдобро би било да му се јавите на Дарко за тоа.
Неодамна блиски пријатели на Дарко за српски Курир изјавија дека „тој дури и не може да го замисли животот без неа“.
“Дарко е лудо заљубен во Барбара и неколку пати на ден се слушаат и се гледаат преку видео повици. Тој веќе планира Барбара да дојде кај него во Германија за да живеат заедно и не е исклучена можноста тоа да се случи, со оглед на тоа што тој не планира да дојде наскоро во Србија “.
Тие во моментов уживаат во врската, но цело време се обидуваат да сокријат од поширокиот круг на луѓе дека се заедно. Сепак, неколку пати биле видени заедно во ресторани и на сплавот на кој Лазиќ често излегува, па неговите блиски пријатели се запознати со тоа дека ужива со неговата нова љубов.