Кафе муабет
ОВАА УБАВИЦА ЌЕ БИДЕ КУМА НА ХАНА И ГРАШО: Се споија најдобрите луѓе што ги познавам, се радувам за нив!
Се спрема венчавка...
Во Хрватска со нетрпение се очекува свадбата на Хана и Петар Грашо за која се зборува веќе спо месеци.
Имено оваа свадба веќе го доби епитетот „свадба на годината“ а наводно ќе се случи во Сплит на 19 февруари.
Познато е и дека кума на младата пејачка ќе биде нејзината колешка и долгогодишна најдобра пријателка Доменика Жувела, а се шпекулира дека придружба на Грашо ќе биде и неговиот долгогодишен близок пријател Дино Раѓа бидејќи Грашо му бил кум на неговата свадба со Викторија.
Идната кума не ја крие радоста што нејзината пријателка се мажи, а потврди дека едвај ја чека свадбата.
– Апсолутно сум подготвена и секако, навистина се радувам за тоа, изјави Доменика.
Таа објасни и како Хана ја избрала за кума.
-Пред некој ден само разговаравме за тоа и сфативме дека никогаш ’официјално’ не сме се договориле, но кога си толку близок со некого, а таа ми е како вистинска сестра, тогаш тоа доаѓа природно и некако се подразбира. Јас и Хана не мора да разговараме, доволно е само да се погледнеме и знам дека во тој момент и двете знаеме што мислиме“, изјави Доменика во интервју за Дневник.хр.
Инаку Хана Хуљиќ, девојката на Петар Грашо е во четвртиот месец од бременоста. Иако Грашо, но и семејството Хуљиќ не објавуваат многу околу среќни вести, јавноста никогаш не била толку заинтересирана за нивниот приватен живот.
-Отсекогаш многу молчев, а за мене се пишуваше многу. Ќе останам доследен на тоа. Јас целосно го почитувам тоа и не сум ни најмалку лут. Ќе си останам верен засекогаш, а тоа е дека пристојно ќе го чувам приватниот живот, ќе се трудам да не ја замарам публиката со тоа, но подеднакво ќе ги почитувам медиумите и никогаш нема да се расправам со нив бидејќи некои работи им се интересни. Не можам да кажам дека медиумите во ниту еден момент беа неточни, само поради огромна желба и неинформираност почнаа да ги објавуваат се и сешто. Се трудиме да се дистанцираме, да си го живееме животот нормално, да си правиме ручеци кога не сме на пат и да бидеме нормални луѓе, заклучи Грашо.
Инаку Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа минатата година. Веднаш потоа медиумите објавија дека Петар е во врска со 15 години помладата ќерка на неговиот пријател Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ поради која и ја остави неговата партнерка со која беше во љубов 24 години.
Го чекаат своето прво дете…
31 годишната девојка на Петар Грашо е бремена и парот го очекува своето прво дете.
Приновата треба да пристигне на крајот на летото, а пред извесно време во медиумите беше обелоденета и информацијата дека парот планира венчавка која треба да се случи во март, кога и Грашо слави роденден.
Веста ја потврди и самата Хана откако почнаа да кружат гласини за породувањето.
„Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да останат наша приватност“, изјави Хана за Јутарњи лист, наведувајќи дека е бремена околу 12 недели.
На крајот на минатата година се шпекулираше дека парот планира свадба, а потоа се пишуваше дека Хана веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.
“Ние сме многу среќни и задоволни. Така треба да биде. Со Хана ни е многу добро и среќни сме”, изјави неодамна пејачот во едно интервју.
„Ние ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат спокојни“, додаде тој.