Кафе муабет

Оваа убавица е дадилката на Стефан и Тара- Нема да верувате што барале Ноле и Јелена од неа, еве какви критериуми морала да исполни (ФOTO)

Таа секаде е со нив...

Познато е дека Јелена Ѓоковиќ особено се грижи за децата. Во неколку наврати и самата истакна дека и е многу важно како ќе се образоваат Стефан и Тара, како ќе се хранат а воедно посветена е максимално на нивното воспитување.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Но за да може да постигне се, сепак и треба помош бидејќи како директорка на Фондацијата Ѓоковиќ има секојдневни обврски, а исто така е посветена и на кариерата на Новак.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Дадилките на Стефан и Тара Ѓоковиќ беа внимателно избрани од страна на Јелена и Новак. Тенисерот и неговата избраничка не можеа да дозволат да се грижи за децата некој во кој немаат максимална доверба затоа и темелно проверуваа се околу жените и девојките кои аплицираа за оваа според сите проценки, многу добро платена работа.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Очигледно, препораките од другите работодавци беа многу важни, како и познавањето на јазик, но и претходната наставна работа.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Јелена и Новак инсистираа на овие и на сите други детали, а особено им беше важно личноста која некако ќе биде задолжена за воспитување на нивните наследници да има ист пристап кон образованието.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Семејството Ѓоковиќ не верува во народната изрека „ќотекот е излезен од рајот“, исто така во нивниот дом не се повишува тонот, а здравиот разговор го гледаат како главен елемент на семејните односи.

Фото Инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Тенисерот и неговата сопруга не се смириле додека не пронашле личност која одговара на сите споменати карактеристики, а дадилката на Стефан и Тара Ѓоковиќ, која малите ја сакаат и слушаат дури и повеќе од мама и тато, станала и како член на нивното семејство.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Новак и Јелена можат целосно да се потпрат на девојка со импресивна биографија. Таа патува со нив, мора да има место за неа во ложата кога децата одат на натпревар, а покрај тоа што спортистот и неговата избраничка често ги менуваат локациите, таа се адаптираше и се вклопи со нив.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Долго време дадилката на Стефан и Тара Ѓоковиќ не им беше интересна на фоторепортерите, но кога тоа се промени, нејзината неверојатна убавина, харизма и ведар дух ги привлекоа сите погледи. Девојчето чие име се уште не се знае постојано е насмеано, а покрај децата и Јелена сака да поминува време со неа, што не е тајна.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Таа се појави на трибините на последниот натпревар во Торино, каде седеше до Јелена Ѓоковиќ па тогаш репортерите можеа да го забележат нејзиното насмеано лице како го бодри Новак.

фото профимедиа

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close