Кафе муабет

ОВАА РУСОКОСА УБАВИЦА ГО ОСТАВИЛА ФИЛИП ЖИВОЈИНОВИЌ ПРЕД ОЛТАРОТ?: Три пати избегала од сопствената венчавка! (ФОТО)

Филип денес е во среќен брак со Александра Пријовиќ...

Синот на Боба Живојиновиќ, Филип Живојиновиќ денеска е во хармоничен брак со пејачката Александра Пријовиќ со која го има синот Александар.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Но пред да се запознае со својата сегашна избраничка, Филип четири години беше во врска со актерката Маја Манџука.

Иако многумина помислуваа дека нивната љубовна врска ќе заврши со брак, сепак следуваше шок откако парот реши да стави крај на 4-годишната врска.

фото инстаграм/Филип Живојиновиќ

Синот на Боба Живојиновиќ и актерката се запознале во Белград, а потоа под ист покрив го продолжиле животот во Америка, каде што биле многу успешни и професионално задоволни. Јавноста ја интересираше, што тргна наопаку па тие решија да раскинат.

фото Фејсбук

Маја остана во Америка, Филип се врати во Србија, но по неколку години, актерката конечно реши да прозбори за пропаднатата врска со најстариот син на Боба и стави крај на шпекулациите за нивната разделба.

фото инстаграм

Имено, таа се појави во емисијата „Премиера викенд специјал“ на телевизија Пинк, а причина за гостувањето беше промоцијата на нејзиниот нов филм „Повторно молња“.

Маја откри неколку детали за нејзиниот емотивен живот. На прашањето за Живојиновиќ, таа рече:

фото инстаграм/Маја Манџука

-Никогаш отворено не сум зборувала за мојот однос со Филип и се трудам да го задржам тоа. Навистина му посакувам се најдобро и тој е одлично момче. Во Америка бевме фокусирани еден на друг, но има многу работа, живееш за викенд – рече Маја и наведе многумина да помислат дека во трката за американскиот сон таа и нејзиниот избраник заборавиле еден на друг.

фото инстаграм/Маја Манџука

Од гледна точка на набљудувач, се чини дека раскинувањето дојде како олеснување и за двајцата. Филип среќата ја најде со пејачката Александра Пријовиќ, а Маја потоа се вери уште два пати.

фото инстаграм/Маја Манџука

Таа често пати истакнува дека не го нашла оној кој ќе ја убеди да продолжи по свршувачката и да оди до олтарот, а во исто време се споредува со Џулија Робертс во филмот „Невестата бегалка“.

фото инстаграм/Маја Манџука

-Три пати бев невеста бегалка, повеќе сакам да носам патики отколку штикли, но никогаш не се знае, можеби некој ќе ги украде тие патики. Засега сум среќна и исполнета. Ќе видиме дали ќе завршам со судбината на Џулија Робертс – рече таа а многумина се прашуваат која е вистинската причина поради која таа одбива да се мажи.

фото инстаграм/Маја Манџука

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close