Кафе муабет
Оваа позната пејачка е прва сосетка на Јелена Ѓоковиќ: Откри се, нема да верувате што кажа за сопругата на Новак
Тие се блиски...
Јавноста до сега не беше запознаена дека две жени кои се многу познати личности во регионот се први сосетки во Белград.
Имено станува збор за сопругата на Новак Ѓоковиќ и познатата пејачка Милица Павловиќ.
Јелена Ѓоковиќ и Милица се први сосетки откако живеат во истиот елитен белградски станбен комплекс.
Тие со текот на времето се зближија, па не е чудно што пејачката беше избрана да придонесе со својата позната енергија на свадбата на братот на Ноле, Ѓорѓе Ѓоковиќ, која се одржа летово.
Така тие две подобро се запознале а пејачката била поласкана што настапила на еден ваков важен настан за семејството Ѓоковиќ.
– Многу ми е драго што бев дел од таа убава приказна и верувајте првите две песни се преправав дека сум дама. Подоцна толку многу уживав и си поминав како да не сум дошла да пеам – рече Милица и потоа одговори на прашањето што мисли за сопругата на Новак Ѓоковиќ.
-Кога дојдов во Белград, пријателите ме прашаа каква е Јелена. Она што можам да го споделам со вас е дека жената има некаква енергија што не можете да ја игнорирате, многу специфична, пријатна, но… многу ми се допаѓа – изјави Милица за Блиц.
Инаку Јелена и Новак се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.
Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.
Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.
Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.
„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.