Кафе муабет
Оваа песна на Тања Савиќ кажува се за нејзиниот брак: Пејачката откри голема тајна- овој хит е нејзината најголема болка
Тања конечно е среќна...
Јавноста е запознаена со браќната драма на Тања Савиќ и нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ.
Тања поминувала низ вистинска агонија кога нејзиниот сопруг без нејзина согласност ги однел нивните синови во Австралија.
Имено, Тања во една прилика во гостување на ТВ Прва искрено проговори за својот сопруг Душан и децата кои тој ги одвел во Австралија против нејзина волја, а истакнала дека во една од нејзините песни ја опишала агонијата низ која минувала додека била во брак.
– Снимив песна која директно ја покажа мојата емотивна состојба, односно она што се случуваше дома и во мојот љубовен живот. Таа песна се вика „Сираче“ – изјави пејачката.
“Понекогаш како сираче ќе заплачам, секој би ме вдомил така. Ти најдрагата кукла среде улица би ми ја скршил, би ми купил карта во еден правец ниту гладна не би ме нахранил. Кога ќе појде овој воз на оној свет жива би ме погребал” гласи дел од оваа песна.
Тања Савиќ во тој период се повлече од медиумското подземје. Пејачката сега конечно е мирна и ужива во родното Смедерево со наследниците Ѓорѓе и Максим, а во ретки прилики кога ќе се појави пред фоторепортерите, сите можат да забележат дека фолкерката блеска.
Таа неодамна се појави на еден настан во Белград и конечно проговори за врската со поранешниот сопруг Душан.
Максим и Ѓорѓе редовно разговараат со Јованчевиќ, а како што вели и таа би сакала да биде во контакт со него, но тој упорно одбива.
Како што рекла Тања во таа прилика, се случила ситуација кога училиштето во кое одат децата и побарале извод од матичната книга на родените, што таа го побарала од Душан, но и тогаш не добила одговор од него.
– Нека стиска заби и нека дојде, сето тоа е дел од животот – додаде таа.
– После сите мачни години и се низ што поминав, мислам дека конечно заслужувам да го живеам животот во потполност. Одвнатре сум исполнета, но не би открила за кого се работи – изјави пејачката за „24седум“ и со тоа потврди дека во нејзиниот живот има некој кој и ја врати вербата во љубовта и ја прави среќна а тоа може да се забележи и по тоа што пејачката изгледа поубаво од било кога.