Кафе муабет

ОВАА МАНЕКЕНКА ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА ПОРАНЕШНИОТ НА ЦЕЦА: Богдан Срејовиќ ја фати оваа убавица- ја криеја врската од сите но еден детал ги откри

Повторно е заљубен...

Поранешното момче на Цецa Ражнатовиќ пред неполн месец започна врска Јована Љубисављевиќ, но тоа дека се заедно решија да го сокријат од сите.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Откако стави крај на врската со Ражнатовиќ, Богдан беше поврзуван со многу убавици а меѓу нив беше и русокосата Дарија Азоузи.

фото инстаграм/Дарија Азоузи

Двајцата споделуваа заеднички фотографии од кои можеше да се забележи дека се заљубени но изгледа Богдан ставил крај и на оваа врска па сега се фрли во прегратки на позната манекенка.

фото инстаграм/Дарија Азоузи
фото инстаграм/Дарија Азоузи

Како што објави српски Информер, Богдан и неговата нова девојка, Јована завчера отпатувале на Златибор за да се скријат од очите на јавноста и да уживаат во љубовта.

Фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

– Богдан и Јована прво само се дружеа. Пред неколку месеци се заследија на Инстаграм, па одвреме-навреме се допишуваа и излегуваа навечер. Но, пред месец и половина сфатија дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство – ја започна приказната за споменатиот медиум извор близок до парот и додаде дека поранешниот дечко на Цеца го направил првиот потег:

фото инстаграм/Јована Љубисављевиќ

– Една вечер излегле на вечера каде лежерно разговарале, а потоа со другарите отишле во клуб каде се забавувале до доцна во ноќта. На крајот на вечерта Богдан и рекол на Јована дека ќе ја испрати до дома, и потоа ја бакнал.

фото инстаграм/Јована Љубисављевиќ

Богдан и Јована се договориле никому да не кажуваат дека се заедно додека не видат како ќе се развива нивната врска. Не сакале да бидат во медиумите, па својата врска ја криеле дури и од пријателите.

фото инстаграм/Јована Љубисављевиќ

-До неодамна никој не знаеше за нив, па ни најблиските. Но, неодамна им кажале на членовите на семејството и на некои пријатели. Сите беа воодушевени, бидејќи мислат дека се идеален пар. Многу се сакаат, Богдан е многу внимателен. Засега одлично се согласуваат – заклучил соговорникот.

Фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close