Кафе муабет
Оваа девојка со Даунов синдром е европски првак во џудо- нејзината приказна е инспирација за сите!
За џудото вели дека тренира 12 години и дека тоа и е прва и најголема љубов...
Азра Дедиќ од Босна и Херцеговина e девојка со Даунов синдром која руши стереотипи и за која нема ниту една пречка на патот до успехот.
12 години се занимава со џудо, таа е извонредна во оваа боречка вештина и воедно е првата личност со Даунов синдром која има црн појас.
Но секако немала да постигне успех без верба во себе но и поддршката која ја добива.
За џудото вели дека тренира 12 години и дека тоа и е прва и најголема љубов.
Иако многумина сметаат дека една личност со Даунов сндром е ограничена, сепак Азра покажа дека не е така. Имено таа во 2019 година стана европска шампионка во ИД џудо, освојувајќи најмногу бодови на Европското натпреварување во Келн, Германија, додека три години пред тоа го освои 3-то место во светот.
За неа нема никакви пречки а тоа го покажа кога со автобус патувала цели дваесет часа до далечната Германија, од каде донела злато и го остварила својот сон.
– Моето мото е никогаш не се откажувајте од вашите соништа без разлика на пречките. Никогаш не помислив да се откажам од џудото, бидејќи тоа е мојата прва и најголема љубов.
– Не знам дали беше чудно некој со Даунов синдром да тренира џудо. Морам да кажам дека никогаш не сум била дискриминирана во мојот клуб, сите ме прифатија одлично, тренерите, клупските членови, таму најдобро се чувствувам – изјави во една прилика европската шампионка.
– Имаме еден хромозом повеќе и некои разлики во однос на типичните луѓе. Мене тоа воопшто не ми го отежнуваше вежбањето џудо – објасни Азра.
– Често слушам дека некои деца со Даунов синдром велат дека сакаат да бидат како мене и многу ми е драго. Мислам дека мојот пример им помага да увидат дека и тие можат да успеат.ж
Азра освои златен медал во 2019 година на европски натпревар, сето тоа со труд, труд и желба за успех!
– Со џудо се занимавам 12 години, а почна така што моите родители сакаа да ме вклучат во некој спорт. Наш пријател го познаваше мојот тренер Фикрет Бечиќ и ми предложи да ме зачлени, а потоа се започна приказната за џудистката.
– Секогаш треба да се гледаме себеси, да се трудиме и да дадеме се од себе за да успееме и да го сакаме тоа што го работиме. Не вреди да се обвинуваат другите, бидејќи никој не е виновен.
– Верував дека можам да успеам бидејќи навистина се трудам и тренирам, но никогаш не можеме да бидеме целосно сигурни.
– Моето семејство отсекогаш верувало во мене и секогаш ме поддржуваат во се, а што се однесува до спортот, веруваат и моите тренери, клупски колеги и повеќето од оние кои ме познаваат.