Кафе муабет
Оваа девојка му го украде срцето на најмладиот Живојиновиќ: Виктор ја замени Сандра со колешка на мајка си!
Ужива во врска со Лена Чолак..
Синот на Лепа Брена од неодамна е во врска со поранешната „Гранд ѕвезда“ и една од најдобрите пријателки на Анастасија Ражнатовиќ.
– Во јули минатата година Виктор Живојиновиќ ја раскина двегодишната врска со манекенката Сандра Миљаковиќ и сакаше извесно време да биде сам. По неколку месеци му се случи нова љубов – вели близок пријател на Виктор и открива каде синот на Брена ја нашол својата нова девојка.
– Виктор и Лена се сретнаа неколку пати на заеднички приватни прослави, каде што беше ангажирана да пее. Веднаш му се допадна, но дури неодамна реши да и пријде и да и признае дека сака врска со неа. Лена му рекла дека и таа има симпатии кон него и така започна се …
На Виктор му се допаѓа колку е Лена амбициозна и спонтана, особено му е драго што кариерата не ја гради врз скандали. Не се надевал дека и таа ќе се појави на настанот на кој бил тој, па кога ја видел многу се израдувал – изјавил извор за „Стар“.
И поранешната девојка на Виктор, Сандра продолжи понатаму! Како што дознава српски Информер, таа го преболела синот на Брена и сега е во среќна врска со фотографот Немања Новаковиќ.
– Сандра и Немања се лудо заљубени и моментално се на првиот заеднички одмор во Мексико. Својата врска ја објавија на социјалните мрежи, каде секојдневно објавуваат заеднички фотографии – вели изворот.
Исто така, како што понатаму се наведува, Лена и Виктор се во тајна врска, бидејќи тој наводно не е подготвен да и каже на мајка си дека се гледа со неа судејќи по тоа што таа наводно го поддржува неговото помирување со Сандра.
– Тој веднаш тргна во акција. Тие наздравуваа цела вечер, се смееја, а по настанот заедно со останатите од друштвото продолжија да се забавуваат. Колку што знам тие се во некоја тајна врска која се уште ја кријат бидејќи Виктор не смее да и каже на Брена дека се гледа со пејачката. Таа се уште навива да се смири со Сандра бидејќи ја засакала како ќерка – завршува изворот за „Стар“.
Лепа Брена вели дека таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ не ги тераат синовите да се венчаат:
– Би сакала се да оди добро во нашите животи. Најубаво е кога се оди по логичен редослед. Мислам дека Стефан е зрел тип кој одлучува за своите емотивни избори, а мислам дека Виктор е уште млад. Има само 24 години и му претстојат избори, истакна Брена во една прилика.
Инаку ниту Сандра ниту Виктор не се огласија за раскинувањето, ниту мајката на Виктор, Лепа Брена, која беше обвинета дека наводно го „подгорела“ раскинувањето бидејќи не мислела дека нејзиниот син е „зрел за брак“.
Освен тоа, до раздорот наводно дошло и за време на заедничкиот одмор во Дубаи, каде Брена не се одвојувала од синот и идната снаа, а тоа наводно и пречело на Сандра, па почетокот на крајот се почувствувал во воздухот.
Инаку, тие беа во врска две години, а преку летото се појавија првите информации дека се разделиле.