Кафе муабет
ОБЈАВИЈА ФОТОГРАФИЈА ОД КРЕВЕТ: Огњен Амиџиќ за прв пат ја покажа девојката во вакво издание- повеќе не се кријат
Заминаа во Турција...
Врската помеѓу водителот Огњен Амиџиќ и неговата колешка Мина Наумовиќ е една од главните теми во медиумите во последно време.
Водителот сега изненади многумина откако на својот Инстаграм профил објави нејзина фотографија.
Огњен кој својот профил на оваа социјална мрежа го користи за хумористични цели и на него редовно објавува фотографии од стапалата, сега ги изненади сите со еден поинаков потег, кога објави слика од својата девојка.
Со оглед на тоа дека парот од неодамна живее заедно, заедно работат во емисијата „Амиџи шоу“, тие патуваат кога имаат слободно време.
Сега заљубенииот пар замина во Истанбул, од каде што се огласија и на своите профили на Инстаграм.
Имено, Мина објавила своја фотографија од кревет на која половина лице го прекрила со постелнина, а истото го направил и Огњен.
Инаку, Огњен по разводот со манекенката Данијела Димитровска ја криеше врската со помладата колешка, но неодамна потврди дека се заедно, не сакајќи да открива премногу детали од нивната врска.
Меѓутоа, тој неодамна се пошегува на сметка на својата девојка и покажа доза на љубомора кога Мина доби провокативен костим за капење од Тијана Ајфон во емсија. Кога ги виде минијатурните бикини, Амиџиќ искоментира:
– Мина може да ги проба подоцна. Ме интересира што доби Мина, дали смее да го носи – рекол Огњен при отворањето на подарокот, а кога видел за каков костим станува збор, ги насмеал сите:
– Многу е убав. Може да се носи, но дома. Да не излегува јавно и да се слика за Инстаграм – изјави Огњен.