Кафе муабет
Обвинувањето за мито е лага, сакаат да го уништат Саша Поповиќ?- Душан кој ја обвини Снежана дека бара пари бил арогантен и непријатен?
Проговори и Ѓорѓе Давид...
Веќе извесен период во медиумите главна тема е митото во „Ѕвезда Гранда“ кое наводно го побарала Снежана Ѓуришиќ од својот кандидат Душан Вукадиновиќ.
Сега Снежана реши да проговори за поранешниот учесник на „Ѕвездите на Гранд“ кој ја обвини дека барала мито од мајка му за да помине во следниот круг. Во целата приказна се вмеша уште еден член од жирито на споменатиот натпревар, Ѓорѓе Давид, кој тврди дека во очите на Душан видел дека тој не е психички стабилен.
– На натпреварот имаше многу лудаци. Тоа се луди луѓе и тоа се гледа од авион. Погубно е тоа што медиумите си играат со луѓе кои имаат сериозен психички проблем. Во бекстејџот, тој малечок беше пред се арогантен, непријатен. Некој кој изгледа како лудак. Дури и го пофалив затоа што навистина има глас, но тоа не е доволно бидејќи има сериозни проблеми – изјави Давид за српскиот „Курир“, по што продолжи Снежана Ѓуришиќ.
– Очигледно е дека беа искористени за уништување на „Ѕвездите на Гранд“ и нејзиниот лидер Саша Поповиќ. Во тоа нема сомнеж – заврши таа.
Свое мислење на оваа тема пред неколку дена даде и Драган Стојковиќ Босанац.
– Она што сега би го кажал можеби не е соодветно, но се чини дека ќе му биде тешко да изгради куќа и да купи добар автомобил, со оглед на тоа што се занимава со нешто што практично не може да се докаже. И второ, не знам од кога сфатија дека „Ѕвездите на Гранд“ е хуманитарна емисија, односно фондација која им помага на момци и девојки кои не би направиле ништо освен малку да пеат. Било како, само да пејат и да се појавуваат, а потоа наутро одат на кафе после саботна вечер и им викаат: „Ги скрши, те гледавме“. Изгледа веќе нема да му биде толку слатко затоа што според мене тоа е една голема глупост – изјави Босанец.
Тој се осврна на тоа дека сите кандидати кои доаѓаат од внатрешноста имаат платено сместување во Белград за време на снимањето, како и вежби во студио за време на подготовките за настапите, а на крајот добиваат и свои менаџери.
– Мислам дека премногу ги размазивме. Реков и во емисиите дека оваа наша професија е многу скапа професија и дека бара многу средства и инвестиции. И тоа носи се што носи кариерата – од непријатности на настапи до неплаќање од одредени менаџери или оние кај кои се вработуваат, па се до некој што ќе ги отстрани од телевизија и од јавноста. Мислам дека кандидатите не треба да се третираат како деца од музичко училиште под државно спонзорство, бидејќи ова е приватна компанија и ние работиме многу сериозна работа. Мислам дека концептот на целата емисија беше малку изместен поради љубезноста што ја покажувате кон кандидатите – изјави Босанец во емисијата „Ѕвездите на Гранд – Специјал“.