Кафе муабет
Носи венчаница од 200.000 долари, но НЕ смее да зборува со никој на свадбата
И покрај тоа што е богата, мора да ги почитува бизарните традиционални обичаи
За нејзината свадба неодамна пишуваа сите медиуми
Богатата чеченска невеста Кава Зурбекова се омажи на 18 години, а по венчавката која се одржа во главниот град на Чеченија, Грозни, таа со приватен авион отпатува во главниот град на Русија.
Свадбата продолжи во Москва каде богатите младоженци направија уште една церемонија пред 500 гости.
Кава на овој пат тргна во раскошна венчаница од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, за која се проценува дека чини околу 200.000 долари.
Богатата невеста своето судбинско „ДА“ тогаш му го кажа на својот избраник Ахмед Џабраилов, синот на поранешниот потпретседател на владата во Чеченија, Хусеин Џабраилов. Според локалните обичаи, роднините на невестата не присуствуваа на раскошната свеченост.
Прославата во Москва се одржа во елитниот ресторан Сафиса каде беа поканети околу 500 гости.
Како што пренесоа тогаш локалните медиуми, младенците само за тортата платиле повеќе од 50.000 долари.
Познато е дека богатите руски невести ги обожаваат фустаните од познатиот либански дизајнер.
Тие секогаш ги избираат најскапите модели кои не ретко чинат и преку 200.000 долари.
Традиционална чеченска свадба
Свадбите во оваа земја отсекогаш се сметани за големи спектакли, кои претставуваат цела ритуал од песни, танцови и прослави.
Не ретко свадбата трае и по три дена, а сите ритуали и обичаи на свадбата се изведуваат заради среќниот почеток на заедничкиот живот.
Обичаите ги диктира традицијата, а еден од основните обичаи е тоа што невестата не смее да се приклучи на прославата, туку гледа отстрана, почитувајќи го новото семејство. Исто така и нејзините роднини не присуствуваат на свадбата, така што невестата буквално седи сама за време на целата церемонија.
Пред свадбата се врши подготвување на невестата во кое учествуваат повеќе жени. И бидејќи свадбата обично ја плаќа семејството на младоженецот, семејството на невестата не присуствува на церемонијата.
Откако ќе биде подготвена, таа чека да дојдат по неа, и бидејќи разделбата е тешка, невестата не ретко пред заминување ќе пушти солзи.
Таа на прославата добива посебно место, каде престојува за целото време, и не смее да танцува ниту пак да пее и да се весели.
За време на првиот ден таа се запознава со новите роднини и може да седне само ако за тоа добие дозвола од роднините.
Според традицијата, младоженецот не смее да биде на самата прослава, туку со невестата се состанува дури по прославата, далеку од очите на роднините. И откако ќе се сретне со младоженецот, младата добива место за масата каде седат видните гости. Тогаш и носат бебе, нечие новороденче, на кое невестата треба да му даде подарок, како и таа би имала повеќе деца (по можност синови).
Дури откако ќе завршат со делењето на подароците, сите гости се канат на раскошната гозба, а откако ќе заврши гозбата, гостите од невестата бараат да им донесе вода. Потоа сите имаат право да коментираат нешто поврзано со неа и нејзиниот изглед, а невестата се уште не смее да зборува, бидејќи зборливоста во Чеченија се смета за знак на глупавост и нескромност. Таа смее само кога ќе им ја донесе водата на гостите да им посака добро здравје, а третиот ден од свадбата, гостите со музика и танцување ја носат невестата на реката.
Тогаш во водата се фрлаат палачинки од пченично брашно, кои во лет треба да се погодат со пушка. Потоа невестата зима малку вода од реката и оди дома. Третиот ден човекот кој добил дозвола од таткото на невестата, заедно со младоженецот одат кај матичарот, каде се склопува брак.
Инаку, во Чеченија обичај е машките да се оженат до 20 години, додека девојките не би требало да се постари од 18 и 18 години.
Во продолжение погледнете ја и есенската колекција на Зухаир Мурад…