Кафе муабет
Новогодишна магија во домот на омилената турска актерка: Хурем сподели фотографија со која ги разнежни фановите, погледнете во какви убавици пораснаа ќеркичките
Уживаат во украсениот дом...
Турската актерка Мерјем Узерли, која нашата јавност ја запозна како Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“, ужива во празничното расположение со своите ќерки во нивниот дом.
Таа сега ги израдува своите обожаватели и покажа како ужива со своите наследнички.
Актерката сподели фотографии со своите следбенички на Инстаграм на кои позира со ќерките под елката.
Сите три беа модно координирани и не можеа да ја сокријат среќата и добрата енергија.
Фотографиите добија бројни лајкови и коментари од верните фанови на актерката.
Иако јавноста се прашува кој е таткото на нејзината втора ќерка, популарната актерка се уште не го открива тоа.
„Некои работи ќе ги задржам само за себе“, изјави таа пред неколку месеци и на тој начин ги заинтригира фановите.
Мерјем е самохрана мајка бидејќи 17 години постариот партнер ја остави откако дозна дека е бремена.
Но и покрај тоа што ја тераше да се реши од бебето, Хурем одлучи дека треба да ја роди ќерката, да го остави момчето и да ја воспитува сама.
И очигледно дека оваа одлука беше една од најдобрите во нејзиниот живот, затоа што сега ужива максимум во мајчинството, а тоа го покажува и јавно.
Тие живеат во Германија но дали со нив живее и таткото на нејзиното второ дете, сега за сега познатата актерка не сака да открие.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од прекрасно украсениот дом на актерката: