Кафе муабет
Новогодишна бајка во домот на Сања Кужет: Водителката ја покажа елката- за овој детал сите зборуваат
Ужива во претпразничната атмосфера...
Новогодишната магија веќе започна па многумина ги украсија своите домови. Новогодишната елка е главниот украс во сечиј дом и неизбежен детал за да се дочекаат претстојните празници во најдобро можно расположение.
Дека со нетрпение ја очекува празничната атмосфера покажа и популарната водителка која се потруди да ја разубави атмосферата за своето семејство и за себе.
Украсен со љубов, домот на Сања Кужет зрачи со бајковита атмосфера во која несомнено најмногу ќе уживаат најмладите членови во семејството.
Водителката на својот Инстаграм профил покажа дел од новогодишната бајка, па откри дека овој период од годината во неа секогаш буди посебно чувство.
– Периодот пред новогодишните празници, па дури и самите празници, за мене отсекогаш имале посебно значење и емоција. Уште кога бев дете уживав во украсувањето на елката со семејството и украсувањето на станот со музика. Веќе на почетокот на декември во нашиот стан има празнична атмосфера во која уживаме. До пред неколку години редовно купувавме украси и со задоволство го менувавме изгледот на елката за секогаш да биде поразлична. Неодамна тоа им го препуштивме на покреативните луѓе кои се занимаваат со тоа бидејќи имаат совршени идеи и самата реализација, со тоа што секако сите ние сè уште учествуваме во тој чин. Тоа не се менува! – изјави водителката за „Гранд“.
Таа покажа дел од оваа магија на своите следбеници на „Инстаграм“ а вниманието беше насочено на раскошната елка на која доминираат украси и машнички во бордо боја а многумина се согласуваат дека домот на Сања Кужет изгледа нереално и бајковито.
– Магијата во мојот дом започна. Со нетрпение ги чекам празниците исто како и моите синови – напиша водителката во описот на фотографијата со неизбежните новогодишни емотикони.
Инаку Сања важи за една од најубавите водителки во регионот, а вежбањето е заслужно за нејзиниот добар изглед. Таа во неколку наврати истакна дека денот го започнува со тренинг.
Неодамна во кратко видео покажа што прави од моментот кога ќе се разбуди додека не почне да работи.
Најпрво додека е уште во ноќница, подготвува здрава напивка која ја пие уживајќи во погледот од нејзината тераса.
Потоа ја облекува спортската облека и оди на велосипед да го одработи утринскиот тренинг.
Секако, по ова следува туширање и дотерување и избор на гардероба за нови работни победи.
Кога ќе завршат вежбите и ќе се освежи, тогаш време е малку да се посвети на обврските, па додека работи на лаптопот, таа секогаш покрај себе има цеден сок.