Кафе муабет

Нови шокантни обвинувања за Меган, директно од нејзината сестра: Децата воопшто не се нејзини?!

Нема никакви докази за ова тврдење...

Меган Маркл уште кога стапи во брак со принцот Хари ја следат скандали и секакви обвинувања.

фото инстаграм/Меган Маркл

Таа се соочува со негативни коментари секојдневно, а сега мора да го истрпи и нападот кој доаѓа директно од нејзината сестра.

фото инстаграм/Меган Маркл

Сестрата на Меган Маркл упатила скандалозни обвинувања кон војвотката, дека наводно нејзините деца со принцот Хари, всушност таа не ги родила.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Сестрата на Меган Маркл, Саманта Маркл, наводно започнала лавина различни теории за тоа дали војвотката од Сасекс навистина ги родила своите деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет Дијана.

фото инстаграм/Меган Маркл

Како што пренесува „24сата.хр“, Саманта наводно на социјалните мрежи напишала дека Меган и принцот Хари користеле сурогат мајка, а синот Арчи не треба да има кралска титула.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

– Верувам дека сурогат мајката се уште не го предала детето. Мислам дека треба да биде задолжително да се дадат докази дека се родило дете од утробата на сестра ми и дека Арчи не треба да има титула, бидејќи мислам дека е вмешана сурогат мајка“, напишала Саманта на Твитер минатата година.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

-Тоа го мислам дека поради сликите кои беа објавени, на кои нејзиниот стомак наутро беше голем, а навечер рамен. Нема докази за ДНК дека Арчи е син на Хари и нема докази дека тој и Лили дошле од утробата на Меган.

фото профимедиа

Сепак, овие обвинувања на сметка на војвотката, според адвокатот на нејзината сестра, се лажни, а за оние различни теории кои излегоа во јавноста наведе дека сметката на Саманта била хакирана во моментот кога се појавиле овие наводи и дека таа никогаш не пишувала против нејзината сестра.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган Маркл искрено за мајчинството…

Пред извесно време Меган предизвика големо внимание по гостувањето на интернет-платформата „Дилбук” (DealBook) на „Њујорк тајмс” каде што разговараше за различни теми од економијата, професионалноста и еднаквоста на жените.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган најмногу се посвети на темата за платено породилно отсуство. Имено таа токму на оваа тема неодамна напиша и отворено писмо до Конгресот на САД.

фото инстаграм/Меган Маркл

– И кога мојот живот и мојот начин на живот беа поинакви, се залагав за она што е правилно. Не бев во Америка долго време, живеев во Канада седум години, а потоа се преселив во Обединетото Кралство. Се вратив и станав мајка на две деца, а Америка е една од шесте земји во светот кои немаат никакво државно платено породилно отсуство… Едноставно нема смисла!, рече таа.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган посочи дека многу мајки се соочуваат со проблеми кога ќе се остварат во таа улога за прв пат. Таа истакна дека мајката во САД воопшто нема време да поминува со своето бебе.

фото инстаграм/Меган Маркл

– Имаме петмесечно бебе – ова е чувствителен период за нас. Ние имаме луксуз што воопшто го имаме тоа време со бебето, додаде таа.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Инаку војводата и војвотката од Сасекс живеат во замок од 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија, а Арчи редовно го носат во градинка каде што неговите врсници дури и не знаат дека е член на кралското семејство, тврдат родители на други деца кои се со него во групата.

фото инстаграм/Меган Маркл

Во градинка учат и шпански, музика, танц, глума и компјутерски науки, но имаат и некои не толку традиционални „предмети“ како емоционална писменост и како да се биде љубезен.

фото инстаграм/Меган Маркл

Родителот на едно од децата од групата на Арчи изјави за Mirror:

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Хари често го носи Арчи во градинка и доаѓа по него. Изгледа како многу добар татко. Сите родители се опуштени околу Хари и Меган, никој не прави врева околу тоа. А што се однесува до другите деца, Арчи е еден од нив. Тие не знаат дека неговиот татко е член на кралското семејство и веројатно не би им било важно, освен што Меган е принцеза на Дизни“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Градинката е структурирана во мали групи, а децата учат и да ја чуваат животната средина.
Имаат голема градина полна со славејчиња, овошни дрвја, разни растенија, пеперутки, пчели и деца кои помагаат сето тоа да се одржи во живот. Наводно, Хари и Меган сè уште размислуваат за иселување од вилата бидејќи не им се допаѓа премногу локацијата.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close