Uncategorized

Нови шокантни детали за Сале Поповиќ: Ја запросил оваа пејачка но таа го одбила- ја молел и да имаат дете но таа го “шутнала” бидејќи бил женкар

Поповиќ и се налути на Неда Украден...

Неда Украден важи за една од најпознатите пејачки на овие простори, а и до ден денес е една од најбараните пејачки.

Фото Инстаграм/Неда Украден

Југословенскиот печат на големо пишуваше за нејзиниот развод од поранешниот сопруг Милан Билбија.

Имено, како што неодамна објави „Глоси“, во текот на 80-тите години на минатиот век, Неда била во врска со Саша Поповиќ, кој во тоа време бил еден од најпосакуваните фраери низ цела Југославија како член на „Слаткиот грев“ кој тргнал по стапките на Лепа Брена.

Фото Инстаграм/Неда Украден

Украден и Саша наводно биле во врска по нејзиниот развод, а потоа Поповиќ започнал врска со Злата Петровиќ, пред да се ожени со Сузана Јовановиќ.

фото инстаграм/Неда Украден

Неда неодамна објави и своја автобиографија во која ја опишува врската со Саша Поповиќ на што тој се налути бидејќи во книгата го опишала како женкар а воедно и открила дека ја запросил и сакал дете со неа.

фото инстаграм/Неда Украден

По ова се огласи и колешката на Неда, Злата Петровиќ со која Поповиќ беше во врска повеќе од две години.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

Злата Петровиќ се изнервирала кога слушнала дека нејзиното поранешно момче Саша Поповиќ, и се налутил на Неда Украден што го споменала во нејзината книга. Не може да поверува дека толку се потресе што Неда го нарече женкар и дека открла дека сакал брак и бебе со неа!

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

“Неда убаво го опиша, секогаш имаше некои девојки околу Сале и беше тешко да го скротат. Жената го одби за брак, па што, и јас го одбив кога ме запроси! Нема што да се лути сега , да ја обвинува и да демантира во весниците. Разбирам, оженет е, има жена и прекрасна ќерка и сега не му требаат тие приказни од минатото, не направи ништо лошо за да го сокрие , но и тој не беше светец, да се разбереме!

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

-Книгата е во продажба, не може да ја стопира, може само да ја купи и да ја чува како сувенир. Се лаже секој што вели дека не знае со кого бил Сале и кои женски ги бркал. Се знае чие здолниште го бркаше и кого молеше, но тоа не е срамота. За мене е глупаво ова што го прави сега“, изјави Злата за Стар и откри дека во својата книга ќе ги каже и сите детали од двегодишната врска со Поповиќ, но дека се уште нема намера да пишува автобиографија.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Злата еднаш откри дека бакнежот меѓу неа и Поповиќ се случил на прославата на 18-тиот роденден на Светлана Цеца Ражнатовиќ во 1991 година.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

„Тој дојде кај Цеца од концерт на Харис Џиновиќ, тој ден бев деверица на свадба во Вршац, а другарка ми Милица ми рече: „Ајде! душо, ајде да застанеме малку кај Цеца. Сигурно е лудо. Јас и одговорив: „Па, како ќе одам таму, разбушавена, размачкана, шминката ми е уништена“, бев никаква, затоа што танцував цел ден на свадба и сакав само во пет часот наутро да одам на друга забава. Но, таа ме убеди и застанавме“, се присети Злата во една прилика и истакна дека таа вечер била најубава во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

„Влегуваме ние две и првиот што го видов беше Поповиќ. Тоа беше како гром да ме погоди во средина на стомакот. Гледам како некои танцуваат околу него, а тој гледа во мене па очилата му паднаа на нос. Ги намести наочарите и продолжи да зјапа, а и јас. Одам во тоалет, а тој ме следи. Ме застанува пред врата и ми дава комплименти дека изгледам убаво. Го прашувам што пропуштам, а тој од ведро небо ми вели: се презиваш Поповиќ. Тој ја испрати пејачката дома и седна до мене, таму разменивме фиксни броеви, по што ме бркаше еден месец“, рече таа тогаш и додаде:

фото инстаграм/Злата Петровиќ

„Ме изведе на вечера во хотел. Беше спектакл. Нарачав ракија и пилешки џигери во сланина и тоа го воодушеви. Ми откри дека се забавувал со некоја будала која била вкочанета и само барал да ја однесе на ракчиња па тој останувал гладен. Толку се заљуби во мене што не можеше да помине ниту еден ден а да не се видиме. Беше прекрасен, посветен, внимателен. Мило ми е што и денес сме одлични пријатели. Ја сакам и многу ја ценам неговата сопруга, а Сале е голем професионалец и најдобар човек на светот“, изјави пејачката и откри каков бил во кревет.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

„Сале и јас бевме заедно две години. Мислам дека тогаш беше директор на „Зам“ и работеше со „Слатки грех“. Се гледавме кога имавме прилика, често кај него во Нови Сад. Но, тој беше и остана убав. Веќе таков човек не се раѓа мајки мои. До него се чувствував како принцеза. Оган е во кревет! Ах што зборам?!Никогаш не ми беше важно дали е добар или лош во кревет. Мажите никогаш не ме привлекувале поради тоа какви се во кревет. Ги сакав нивните квалитети, а Сале ми одговараше на мојата енергија“, изјави пејачката која по оваа врска се омажи за водителот Зоран Пејиќ со кој има син, Јован.

фото инстаграм/Злата Петровиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close