Кафе муабет
Новите фотографии на Бали Бег ги “полудеа” жените: Сега е јасно зошто важи за најголем заводник
Замина во Париз...
Турскиот заводник, Бурак Озчивит, еден од најпознатите турски актери се прослави со улогата на Бали-бег во серијата Сулејман Величествениот.
Сепак, и години подоцна неговата слава не опаѓа и тој е главна тема каде и да се појави.
Тој моментално престојува во Париз, од каде ги израдува своите фанови со низа фотографии и ја воодушеви женската публика ширум светот.
Коментарите под неговите објави беа само позитивни, а имаше и комплименти за изгледот на актерот.
Тој позираше на неколку локации, а нема сомнеж дека со овие фотографии ја продолжи листата на обожавателки.
Бурак дефинитивно важи за голем заводник а тоа го потврди и неговиот колега кој истакна дека сите би сакале да бидат како него.
– Дали е вистина дека бевте љубоморни на Бурак Озчивит кога игравте во ТВ серијата Кара Севда / Бескрајна љубов?, го прашаа новинарите.
– Јас сум луд по Бурак Озчивит. Бурак е многу убав и многу талентиран. Сакам да бидам добар како него, изјави тој.
Додека со овие зборови Каан испрати убава порака за својот колега, тој ги елиминираше и наводите кои со години се провлекуваат дека меѓу нив има проблем и успеа да се извлече од оваа ситуација давајќи многу мудар одговор.
Инаку Бурак Озчивит е во брак со познатата актерка Фахрије Евџен и важат за еден од најхармоничните турски парови.
Освен што се исклучително успешни на деловен план, може да се каже дека им цветаат рози и на приватно поле.
Имено неодамна во јавноста открија дека Фахрије повторно е бремена и дека семејството ќе се прошири.
Неодамна шармантниот актер и убавата Фахрие ја прославија четвртата годишнина од бракот. Иако досега не ги коментираа наводите, особено оние за развод, овојпат решија да докажат дека тие не се точни. А дека нема причина за грижа потврдуваат и идиличните фотографии и веста за приновата.
Познатиот турски пар Фахрие Евџен и Бурак Озчивит пред пет години се заколнаа на вечна љубов, а во 2019 година го добија синот Каран.
Фахрие наскоро влегува во седмиот месец од бременоста, а на социјалните мрежи се уште е поприлично активна.
Нивниот брак ги преживеа и сериозните обвинувања кои беа адресирани до Бурак. Имено, тој беше обвинет за сериозни обвиненија дека бил нас илник.
Според турските медиуми, колегите од сетот на каде тој го толкувал ликот на Осман бег изјавиле дека е пеколно да се работи со него.
-‘Кога знаете дека ќе снимате со Бурак, одењето на снимањето е толку мачно. Ме боли да размислувам за тоа.
Тој психички ги злоуп отребува сите свои колеги – вика, навредува дека се неспособни, дека не се достојни за актерскиот свет и со сето тоа се воздигнува себеси “, изјави неименуван извор кој работи на снимањето на сериите.