Кафе муабет
Новата фотографија од зетот на Жељко Митровиќ ја шокираше Србија- можно ли е некој вака да се облече! (Фото)
Велат дека нема вкус...
Новата фотографија од зетот на Жељко и Милица Митровиќ, вереникот на нивната постара наследничка Кристина, Украинeцот Илија, стана вирална на Твитер – а корисниците на оваа социјална мрежа ја опишуваат како „бизарна“.
На фотографијата Илија позира во веројатно страшно скапа модна комбинација – патем речено, тој е најмладиот милијардер на светот – но, како што пишуваат твитерџиите, нема вкус и се што носи е кич.
Неговите сандали, но и прстите на нозете привлекуваат големо внимание.
Оваа модна комбинација многумина ги потсети на пижами, а поради завитканите, односно подигнатите панталони изгледа како да носи пелени.
Коментарите се разновидни, а некои од нив се особено духовити.
Бизнисменот Илија, кој минатата година ја запроси Кристина, е наследник на семејна компанија која произведува ураниум, па често се слуша дека тој е всушност наследник на кралот на ураниумот.
Познавачите на младиот пар велат дека семејството на Илија е едно од најуспешните во светот кога е во прашање ураниумот.
Идниот зет на Жељко Митровиќ има сопствен бизнис, кој го води во Лондон, каде што живее, но и во Обединетите Арапски Емирати.
Има сопствен приватен авион, обезбедување, возачи, како и голем број скапи автомобили кои ги менува речиси секојдневно.
Тој и Кристина се запознале за време на нивното школување во Англија, а Илија бил еден од најдобрите студенти, а се истакнува затоа што знае многу странски јазици.
Кога се дозна дека натпросечно богатиот Илија го освоил срцето на наследничката на Жељко, Кристина, во јавноста почнаа шпекулациите.
Сите се интересираа како можела да го запознае Илија, кога се знае дека милијардерите се движат во тесен круг на луѓе, а некои се интересираа како дошол до пари на толку млада возраст што не може да ги потроши во два живота, ниту тој, ниту неговите идни правнуци.
Неговото име е многу познато и ценето во светот на бизнисот, но очигледно е дека Илија знае чесно да ужива во парите што ги заработува.
Летовите со приватен авион, кои чинат над 300 евра, скапите подароци со кои секојдневно ја опсипува саканата, зборуваат во прилог на тоа дека е многу галантен. За нештедењето сведочат и бројните фотографии од луксузни патувања, кои ги објавува на социјалните мрежи.
Ќерката на Жељко, Илија, го запознала за време на неговото школување во Англија, каде заедно студирале на најпрестижниот универзитет, а освен Кристина, која ја држи како капка вода на дланка, за срце му прираснале и нејзините родители. Тој е фасциниран од Милица и Жељко и не крие дека му се допаѓаат сите идеи на неговиот иден дедо.
Со Кристина редовно доаѓа во Белград и присуствува на семејните веселби.
„Украинецот го обожава Жељко и одлично е упатен во секој негов проект. Го поддржува во неговите потфати, а и со идната баба Милица се согласува одлично“, истакна неодамна за српскиот Курир извор близок до парот.