Кафе муабет

Новата девојка на Дарко Лазиќ е вистинска убавица: Поради него го остави сопругот- пејачот е до уши заљубен во неа ! (Фото)

Дарко повторно заљубен...

Пејачот Дарко Лазиќ повторно е заљубен а пред извесно време со новата избраничка Катарина се појави во една емисија.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Девојката со својот изглед го привлече вниманието на сите. Водителката го „испровоцира“ пејачот за новата девојката.

фото принтскрин

– Погледнете колку е симпатична вашата девојка! Што видовте во овој Дарко Лазиќ? – ја праша водителката поубавата половина на пејачот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Убава е – рече Дарко кој не ја симна насмевката од лицето, што е доказ за тоа колку е заљубен во новата девојка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко веќе некое време ужива во врска со Катарина С. Таа е една година постара од него, има 32 години. Во брак е три-четири години. Тој човек е спортист, поседува теретана во едно гратче во Срем, каде работи и како тренер. Долго време се обидувале да добијат дете, но не успеале. Отишле и на ин витро оплодување. Веројатно ова е една од причините поради која настана проблем меѓу нив – изјави неодамна извор за српски Курир.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Како што се шушка во медумите, Катарина се уште е законски мажена, а наводно го оставила сопругот и се вселила во станот на пејачот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Со Дарко прва кликна Катарина. Тие веќе подолго време се во контакт преку социјалните мрежи, а се познаваат и долго време. Таа често одела на неговите настапи. Сепак, тие го интензивираа своето пријателство по заедничките тренинзи во теретана и консултациите за исхраната.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ лудуваше по неа и не му беше гајле што е мажена жена, тоа воопшто не му пречеше. Иако Катарина се уште официјално не се развела, пред извесно време, без објаснување, само ги собрала работите од куќата во која живеела со сопругот и се вселила кај Дарко“, пренесува порталот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Сопругот на Катарина беше во шок, навистина се чувствуваше изневерено. Веднаш ги избриша сите заеднички слики со сопругата, а наскоро и таа го стори истото. Сега се помири со тоа, се врати на тренинзите и на работата, тоа го исполнува. Инаку, Ката и Дарко беа заедно на море. Со нив беше и нејзината помлада сестра. Иако на почетокот тоа го криеја, подоцна се опуштија, па најпрвин објавија селфи од теретана, а потоа таа го бакна во уста додека тој на настап ја пееше неговата песна „Моите бивши жени“, а сето тоа некој го снимил и објавил на социјалните мрежи“, пишува порталот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

И платил силикони!

Сепак, она што е најинтересно во целата приказна е подарокот што Дарко и го подарил на својата нова девојка за нејзиниот роденден.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

„Дарко и плати на Катарина да и вградат силикони во градите во една позната клиника. Деновиве треба да оди да ја направи таа интервенција. За тоа искеширал 3.000 евра и око не му трепнало. Тоа многу ја израдува, одамна има желба да ги зголеми градите“, пренесува Express.rs.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close