Кафе муабет
Новак со емотивна изјава откри која е најважната жена во неговиот живот: „Драга, пехарот ти го посветувам тебе!“
И честиташе годишнина на специфичен начин...
Белград го пречека Новак Ѓоковиќ по неговата величествена победа на Вимблдон.
Вистински делириум настана кога Новак им се обрати на насобраните граѓани од балконот на Стариот дворец. Насмеаниот Новак застана со пехарот во рака и ги поздрави насобраните фанови.
„Добро вечер Белград, добра вечер Србија. Ова се најголемите моменти во мојот живот, кога сум благословен што имам ваква поддршка во спортот кој најмногу го сакам и во кој имам најголеми успеси и благодарен сум на тоа, ве сакам засекогаш“, рече Новак и продолжи:
„Ви благодарам многу, прекрасни сте, ви благодарам за ваквиот пречек, срцето ми е полно. Трофеите се минливи а ваквите моменти ќе ги носам во моето срце до крајот на животот. Морам да ви се заблагодарам. Овие луѓе немаат обврска да бидат овде вечерва, а сепак се појавија. Вие ми го разубавевте денот, вечерта, годината и животот“.
Толпата скандираше Ноле Србине.
„Се надевам дека ова нема да биде нашата последна средба. Поминав низ тешки моменти во Австралија, сето тоа го оставив зад мене, имаше многу прозивки, луѓето околу мене знаат се. Нема многу да се жалам , само хронолошки кажувам што се случуваше. Овој трофеј за мене има дополнителна важност и вредност токму поради таа причина“, изјави Новак.
„Слободан Боба Живојиновиќ и Моника Селеш одбележаа една генерација и ни го трасираа патот. Беше тешко во текот на деведесетите, за нас беше барем толку колку што луѓето се мачеа во различни делови од животот, но во тие 10-15 години тенисерите пораснаа,тоа не натера да се засилиме и дадеме дополнителен импулс. Затоа сум денес овде, токму тој одреден српски инает, таа волја за живот, за победа, вчера додека давав интервјуа за американската телевизија се обидов да објаснам што е тоа српски инает , но нема зборови што го преведуваат на англиски јазик, туку тоа е приближно нешто што го симболизира и означува духот на нашиот небесен народ, кој во сите сфери на животот истрајува и покажува срце и волја кога е најтешко. Судбина е секогаш да поминуваме низ трнлив пат. Но, секогаш велиме, којзнае зошто е тоа добро. На крајот од секој тунел има светлина, вие сте таа светлина“.
Да потсетиме, откако постигна огромен успех и го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се втурна во прегратките на сопругата со која токму на тој ден славеше годишнина од брак.
Тој ја освои публиката со џентлменски гест:
-Драга, среќна годишница, ви благодарам на сите што ме потсетувате, овој пехар ѝ е подарок од мене“, истака Ѓоковиќ и беше поздравен со овации од трибините.
Фотографиите од нивниот страстен бакнеж ги обиколија светските медиуми, но она што на многумина им привлече поголемо внимание е врската помеѓу Дијана и Јелена Ѓоковиќ.
Имено, познато е дека врската меѓу снаата и свекрвата веќе некое време е затегната, а сега после долго време сите се фотографирани заедно.
Срѓан и Дијана Ѓоковиќ не само што го бодреа својот син да освои уште еден Грен слем, туку и дадоа поддршка на Јелена.
Се чини дека врската меѓу Дијана и Јелена Ѓоковиќ конечно се подобрува и дека и двете се трудат да го усреќат Новак, а дека работите се подобруваат докажува и искрената насмевка на Дијана Ѓоковиќ, која гордо ужива во љубовта на нејзиниот син кон Јелена.
Моментот кој го овековечија светските фотографи во Србија беше дочекан со восхит, бидејќи обожавателите на Новак Ѓоковиќ долго време навиваа за двете најважни жени во неговиот живот конечно да ги закопаат секирите и да се обединат за да му ја дадат најголемата поддршка.