Кафе муабет
Ниту војната не беше пречка за нив: Најнеобичната љубовна приказна доби среќен крај- Украинка и Русин покажаа дека љубовта нема граници
Тие се среќни заедно...
Љубовната приказна на Марија Вихивска (23) и Јуриј Курочкин (23) за кратко време го обиколи светот.
Таа е од Украина, а тој од Русија – не ни започнале врска, а се било против нив. Парот се запознал пред војната преку видео игра.
Марија живеела во Звјагел, во близина на главниот град на Украина, Киев, а тој во Санкт Петербург, Русија. Иако војната го уништила планот за нивната прва средба, тие никогаш не се откажале.
„Започнав процедура за пасош. Го завршив во јануари, а како што знаете, војната започна во февруари и ни ги уништи сите планови“, се сеќава Јуриј.
Кога започна војната, Марија се пресели во Чешка. Тие продолжија да комуницираат, но Јуриј не можеше да и се придружи поради визните ограничувања.
Откако разговарале за нивните опции, тие решиле да се сретнат во Србија и конечно се сретнале во Белград.
„Тоа беше тој момент на неверојатна радост“, се присетува Марија. „Патував 16 часа и не спиев, не можев да спијам. Излегов од автобусот и му скокнав во прегратка“.
Парот престојувал во хостел додека не нашле мал стан во предградието на Белград. Тие се занимавале со различни работи, а Курочкин исто така продолжил да студира компјутерски науки на Универзитетот во Санкт Петербург од далечина.
„Понекогаш зборуваме за војна, но немаме никакви проблеми меѓу себе“, вели тој, а Марија најмногу стравува од можната осуда на Украинците поради нејзината врска со Русин, иако нејзиното семејство нема ништо против тоа.
“Што ќе се случи следно?” Ќе видиме… Не знаеме што ќе биде утре. Постои дури и опасност од нуклеарна војна; сега не плашат со тоа. „Не можам да гледам предалеку“, вели Марија.
Се проценува дека минатата година во соседна Србија дошле околу 200.000 Руси и околу 20.000 Украинци.