Кафе муабет
“НИКОЈ КАКО МОЈАТА МИЛЕНА”: Познатот актер сподели фотографија од 30 години помладата сопруга и предизвика бура од коментари!
Тој посвети емотивна порака на сопругата...
66- годишниот актер Фрањо Ласиќ на својот Инстаграм профил и посвети порака на својата сопруга Милена, која е 30 години помлада од него.
Имено, тој сподели нејзина фотографија на споменатата социјална мрежа и напиша:
– Сум сретнал многу луѓе во животот, но никогаш некој како Милена – напиша тој.
Да потсетиме, 66-годишниот актер и неговата избраничка Милена која е уметник добија син на крајот на ноември минатата година, а на момчето му дадоа име Николас.
Славната двојка се венчаше пред нешто повеќе од пет години, по тригодишна врска.
Убавата Милена, во една прилика зборуваше за нејзиниот сопруг и коментарите што ги добиваат поради големата разлика во возраста.
– Да, се сретнав со разни коментари на социјалните мрежи. Можам само да кажам, многу помлади мажи би дале се од себе да бидат во форма како Фрањо. Не е сè во физичкиот изглед. Се најдовме на подлабоко ниво, духовно, среќни сме и тоа е единственото што ми важно. На сите оние кои гледаат негативно, само би сакала да имаат таков однос еден ден – рече тогаш Милена.