Кафе муабет
Николина Пишек низ солзи проговори за смрттa на сопругот Видоје: Постојано ме осудуваат, како нешто да сум криела!
Не може да го преболи...
Водителката Николина Пишек проговори за тешкиот период низ кој поминува изминатите неколку месеци, откако го загуби сопругот Видоје Ристовиќ.
Николина не можеше да ги задржи солзите кога почна да зборува за Видоје, а откри дека се чувствува како нешто да сокрила.
– Извинете, гласот ми трепери малку – започна Николина, а потоа откри како се справува со тоа што сега е вдовица.
– Што и да правам и како и да се поставам, ќе добијам одредена осуда од некоја страна. Па мислам дека ова е позиција, вдовица, која во исто време треба да се носи со страшна загуба… Како да носам некаква вина, како нешто да сум криела – изјави таа за телевизијата Уна.
Да потсетиме, Видоје Ристовиќ ненадејно почина во мај годинава. Николина не криеше колку и е тешко поради загубата, а како одговор на сето ова јавно преку медиумите се расправаше со свекорот Миша Гроф и за наследство и за други теми.
Тој во една прилика ја осуди дека и го одземала Видоје на својата пријателка Катарина Радивојевиќ.
– Николина и Катарина Радивојевиќ беа едни од најдобрите пријателки, а Видоје со Катарина беше во врска нешто помалку од две години. Николина го запознала како момче на нејзината другарка и го украла од неа, а биле неразделни. О, Боже, зошто не остана со неа. И да, ја расипа таа врска и се омажи за момчето на нејзината пријателка… Катарина ја видов двапати, беше прекрасна и многу воспитана – изјави тогаш Миша Гроф за Курир.
Имено во медиумите излезе веста дека на водителката и се важни само парите, а причината е нејзината алчност.
Според него, Николина инсистирала што поскоро да ја доврши куќата што ја градат, бидејќи нејзиниот прв приоритет е да си обезбеди удобен живот.
Во својата исповед за српска Република, Миша Гроф рече дека Видоје постојано и праќал пари на Николина за да располага со нив, дека го издржувал целото нејзино семејство и дека Пишек сега се обидува да продаде се што постигнал уметникот само за да добие дополнителни пари.
– Николина е болна жена. Таа жена повторно дојде во Белград само за пари. Дојде да ја доврши куќата, не чекаше ни 40 дена да се одбележат од син ми. Нејзе ѝ беше важно само куќата на која работеа да е завршена. Таа рече дека Видоје би го сакал само тоа најмногу на светот. Се обидов да и објаснам и да и речам: „Николина, син ми не се олади, не стигна официјалната обдукција, а ти би сакала пари за куќата! Таа куќа за која инсистираше да се доврши, таа го уби“. Таа бара тетратки во кои водел евиденција. Тој сакаше да има увид во сè. Битно е што е потрошено, што е важно што умре Видоје. Првата сопруга на Видоје Лана е магија од жена. Таа доаѓа да ме посети, а Николина само ја влече за ракав за да и прави друштво. Што друго да прави кога ќе дојде во Белград – рече Миша.
Во грозоморната исповед, тој открил дека Николина Пишек управувала со парите додека Видоје бил жив, бидејќи тој и праќал пари на сметка во Хрватска. Тој исто така тврдеше дека неговиот син го издржувал целото семејство на Николина.
– Видоје преку банката ги префрлил сите пари на сметките на Николина. Имаше на располагање, трошеше колку сакаше. Во ова невреме не доаѓа предвид да се изградат толкави куќи и да се вложат пари во стотици квадрати. И на син ми му дадов пари, но не сметав дека ќе потроши се без ограничувања. Градат замок, покојниот Туѓман немал толку куќи. Имам изводи од банка и гледам како син ми испраќал пари во загрепските банки. Тоа се ужасно големи суми. Ги имам и сите фази од работите на таа куќа што ја изградија. Само дневната соба има 200 квадрати, има спортски сали, базени и чуда. Замислете кога Видоје купи автомобил за неа и нејзиниот брат, кој ништо не прави! Тој е најголемиот неработник, син ми го издржуваше целото семејство! Знајте дека ум-рев денот кога син ми почина – рече Виктор.