Кафе муабет
Никогаш нема да се омажам: Познатата пејачка со шокантна изјава – не верува во љубов!
Таа не крие дека епитетот на најсексапилната пејачка од помладата генерација и годи...
Младата пејачка Едита Арадиновиќ го привлекува вниманието на јавноста не само со својот изглед туку и со феноменалниот вокал.
Иако е искрена за фактот дека се уште не е подготвена да се предаде на некого до крајот на животот, таа не крие дека бара искрена и вистинска љубов.
Едита откри дали некогаш била изневерена во емотивна врска и дали некогаш ќе прости изневерување.
– Веројатно јас би, тоа зависи од околностите и љубовта кон партнерот, но се грижам тоа да не се случи. Затоа мислам дека никогаш нема да се омажам! Се уште не сум сретнала човек кој ќе ми ја врати вербата во љубовта без да изневерува – искрена е пејачката која не сакаше да детализира дали тоа значи дека нејзината сегашна врска, со маж кој го криеше од јавноста долго време завршила.
На социјалните мрежи, Едита често добиваше комплименти на сметка на нејзиниот изглед. Пејачката се посвети на здрав начин на живот, и редовно вежба и се грижи за исхраната. Таа не крие дека епитетот на најсексапилната пејачка од помладата генерација и годи.
– И јас исто така почнав да се доживувам на тој начин, и колку стареам, толку подобро се справувам со говорот на телото, ми се допаѓа оваа кожа во која сум и мило ми е ако и другите ме доживуваат така – рече пејачката.
Инаку Едита е сестра на познатата пејачка Инди која неодамна откри дека всушност нејзината сестра и е најголема поддршка.
Инди исто како и Едита пред звесно време истакна дека се уште не ја пронашла својата встинска љубов но и посочи дека најверојатно нема да се мажи во Србија.
– Пријателите, колегите и мојата публика прво ми беа голема поддршка, а сега, кога најлошото помина, не фалат дека убаво изгледам и дека многу сум ослобаел, но не чека уште. Ми се додворуваат многу мажи, но идеално момче за мене не е од Србија. Не велам дека нашите момчиња не се убави, но сето тоа веќе го поминав и знам дека мојот идеален маж нема да биде од нашата земја, откри Инди.