Кафе муабет
„Не сум и другарка ниту мајка”: Јована Јоксимовиќ прозборе за ќерката на Жељко од првиот брак
Таа гостувајќи во емисијата „Од профил“ искрено проговори за својата врска со Мина која сега живее со нив...
Водителката Јована Јоксимовиќ е во хармоничен брак со пејачот Жељко Јоксимовиќ речиси 10 години, и тие двајца имаат три деца – синот Коста и ќерките Ана и Срна, но Жељко од првиот брак има уште една ќерка, Мина.
Во јавноста постојано се шпекулираше за односот помеѓу Мина Јоксимовиќ и сопругата на Жељко, Јована, а водителката сега реши еднаш засекогаш да стави крај на претпоставките и шпекулациите.
Таа гостувајќи во емисијата „Од профил“ искрено проговори за својата врска со Мина која сега живее со нив.
– Не можам да и бидам другарка на Мина, не можам да бидам ниту нејзина мајка. Можам да бидам нејзин пријател и некој кој, што и да и треба во животот, секогаш ќе биде тука за неа. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и прекрасен татко. Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Исто како што ја има таа топлина во куќата на нејзината мајка, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но таа не е тука – рече Јована во споменатата емисија.
За потсетување, пред да стапи во брак со Јована, миленикот на женската публика Жељко Јоксимовиќ беше оженет со Весна Јоксимовиќ, со која ја има ќерката Мина.
Тие се венчаа кога тој имаше 23 години, а пејачот побара од Српската православна црква да го поништи бракот пред околу 10-тина години, за да може да и вети вечна љубов на Јована пред Бога.
Мина од својот татко го наследи талентот за музика, а судејќи според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, таа ја наследи убавината од нејзината мајка.