Дом и семејство
“Не стигнувам да ја видам ќерката”: Петар Грашо се пожали- поради обврските не поминува време со својата миленичка!
Има многу настапи...
Петар Грашо во јули годинава се оствари во улога на татко. Неговата сопруга Хана Хуљиќ, со која се ожени во февруари, роди девојче на кое родителите и го дадоа името Алба.
Грашо вели дека поради бројните концерти и обврски не успева да помине доволно време со семејството.
– Целта ни беше концертната година да ја заокружиме со најголемата арена во регионот, а тоа е Белградската арена. Навистина се радуваме на тоа, изјави за медиумите Петар Грашо.
Како што изјави, ќе настапи на 11 ноември, а публиката може да очекува два часа чиста емоција и радост и со сигурност тврди дека целиот концерт ќе биде позитивно и пријатно изненадување.
– Со оглед на тоа што годината ја исполнив со концерти уште пред да се роди ќерка ми, за жал не стигнувам ни да ја видам. Сè уште е бебе, воопшто не се занимава со музика. Ќе ги видиме нејзините афинитети, полека, рече Грашо.
– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – рече Петар неодамна.
Тој рече дека е горд што луѓето од 7 до 77 години го слушаат.
Додека нејзиниот сопруг е доста активен на деловен план, Хана се посвети на ќерката Алба која ја добија во јули.
Убавата Хана неодамна за прв пат се појави во јавноста и по долго време блесна на еден јавен настан.
Таа се појави на церемонијата на доделување на европските награди за филмска музика Camille Awards што се одржа во Сплит.
31-годишната Хана на овој настан беше придружувана од нејзината мајка Вјекослава, таткото Тончи и братот Иван Хуљиќ, додека нејзиниот сопруг Петар Грашо никаде го немаше. Убавата мајка за специјалната пригода избра портокалов фустан кој одлично и прилегаше, а насмевката не ја тргна од лицето.
Откако во јули стана мајка на малото девојче Алба кое го доби со Петар Грашо, Хана ретко се појавува во јавноста, па ова нејзино појавување ги заинтригира сите.
Инаку новопечениот дедо, Тончи Хуљиќ неодамна во гостувањето во една емисија, проговори за врската со својата внука Алба, која неодамна ја доби од ќерката Хана и зетот Петар Грашо.
Видно весел и опуштен Хуљиќ искрено зборуваше за своето детство, образование и музички пат што го доведоа до статус на хрватски музички хитмејкер, но најинтересен дел од интервјуто беше оној во кој прозборе за својата внука Алба.
Тој истакна дека како некој кој пред извесно време за прв пат ја добил улогата на дедо се труди да има што повеќе слободно време за да може да биде со малото девојче.
-Како дедо гледам секој слободен момент да имам време да одам таму за да видам како е се по разгалена и слатка а има само неколку месеци, рече Тончи.
Покрај тоа дека сака да го поминува времето со својата внука, Тончи откри и дека решил повеќе да не настапува во живо, односно некое време да не одржува концерти. Отсега ќе издава само студиски албуми и нови песни, но на кратко ќе се откаже од концерти.