Кафе муабет

НЕ СЛУШАМ НАРОДЊАЦИ ЈАС СУМ УМЕТНИЧКА ДУША: Тања Савиќ ги насмеа сите со оваа изјава- за ова долго ќе се зборува

Вели дека ја слуша Селин Дион...

Пејачката Тања Савиќ ја изненади јавноста со изјавата дека она што го слуша приватно е сосема спротивно од она што таа го пее.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Имено, Тања изјави дека од сите соработки кои ги имала со познати автори, песната што ја издвојува како нешто посебно е „Златник“.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– „Златник“ некако направи револуција, тоа можам со сигурност да го кажам. Таа песна стана евергрин – изјави за „Гранд онлајн“ и додаде дека воопшто не слуша народни песни:

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Верувале или не, речиси никогаш приватно не слушам народни песни. Јас сум сестраа, но не секогаш, зависи од тоа во какво расположение се будам. Цел ден, на пример, слушам Селин Дион или Витни Хјустон, а понекогаш ми доаѓа да ја слушам Верица Шерифовиќ или Шабан Шаулиќ. Чудна сум, но претпоставувам исто како и секоја уметничка душа – одговори Тања.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Инаку Тања Савиќ е во центарот на вниманието откако се случи непријатната случка со нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ, кој ги зеде децата од неа и замина во Австралија.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Од тогаш Тања мака мачеше да ја докаже правдата, но сега кога конечно децата се со неа се чини дека најде мир.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Тања често посетува манастири и споделува фотографии секогаш кога оди во светилиште, меѓутоа пејачката неодамна посетила и еден гатач.

фото инстаграм

Според извор кој бил на лице место, Тања кај гатачот кој гледа на карти дошла со помлад маж и девојка. Таа во Краљево останала околу час и половина, а со насмевка ја напуштила куќата на гатачот.

фото инстаграм/Тања Савиќ

„Тој човек има околу 70 години и гледа на карти, но ако сакате да го прашате конкретно за некоја личност, пожелно е да донесете слика или работи од личноста за која прашувате. Нема закажување термин, ниту има тарифа даваш колку пари мислиш дека треба. Се наоѓа во населба во Краљево, а куќата му е на ридски пат, подигната, не оградена и стара, неодамна бев кај него, земав другарка која дојде од Белград, четврток беше, отидовме многу рано за да ја избегнеме гужвата. Стоев пред куќата кога застана сива кола и видов две девојки и еден помлад маж. Дечкото ме праша дали тоа беше куќа на гатачот и јас потврдив дека внатре веќе има некој. Кога го свртев вниманието кон девојките видов дека една од нив е Тања Савиќ. Мислам дека веднаш сфати дека ја препознав, па таа го фати за рака и набрзина влезе во куќата.Таа носеше чанта и слика во раката, подоцна другарка која беше внатре ми кажа дека тоа било слика од тој градоначалникот Драшко Станивуковиќ, веројатно прашала што ќе биде со него“, вели изворот и додава:

фото инстаграм/Тања Савиќ

“Тања остана околу час и половина, си замина со насмевка, па верувам дека и се допадна се што и кажа јасновидецот. Тој навистина не греши и многу луѓе го посетуваат. Тања не е првата позната личност која отишла кај него. Носеше и некоја ќеса со амајлии, веројатно за љубов, пари, здравје, полна беше ќесата“, заклучува изворот.

фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ
фото Инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close