Кафе муабет
“Не се трезнев, а сега ми се гади од алкохол, земам блокатори несмеам да пијам ниту капка”- Искрена исповед на Александар Јосифовски кој за малку не ја однесе победата во “Ѕвездите на Гранд”
Македонецот си ја отвори душата...
Македонецот Александар Јосифовски стигна до самиот крај на големото финале во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд во кое се бореше за победа со Нермин Ханџиќ.
Александар беше еден од натпреварувачите кој привлече најголемо внимание на самиот крај на ова натпреварување со својата животна приказна (дека бил алкохоличар).
Јосифовски беше еден од фаворитите и многумина мислеа дека тој ќе победи, а по симнувањето од сцената ги сподели првите впечатоци.
– Некои работи се случија во мојот живот, но сега се е океј и кул. Успеав да го победам тоа заедно со него и моето семејство и секој што има таков проблем нека го реши затоа што е подобро вака, барем да има контрола. Донекаде Ѓорѓе Давид влијаеше и ми го спаси животот и кариерата, имаше голема улога во тоа – призна Јосифовски за српски Курир.
Ѓорѓе Давид јавно откри дека Александар се бори со зависноста од алкохол нашиот Александар реши детално да сподели како успеал да побегне од пеколот на алкохолизмот.
-Пред се, морам да кажам дека бев изненаден што добив 90.000 гласови и пресреќен сум. До пред две години не бев ни на картата, а сега сум вицешампион. Музичкиот пат е многу тежок. Патот е трнлив и кога ќе ти се отвори чест е да се стигне до врвот. Сега ми претстои сериозна работа да им се заблагодарам на луѓето кои ми веруваа и гласаа за мене.
За Ѓорѓе Давид како ментор има само пофални зборови.
– Тој е човек кој знае индивидуално да работи со кандидатите. Тој знае како да го извлече најдоброто од сите. Човекот е генијалец, има шесто сетило и тоа успешно го има направено со секој натпреварувач. Не доведе сите во ситуација да го извлече максимумот од нас. По секоја средба со него, се прашувавме од каде го добивме тој подарок што не сме знаеле дека го поседуваме.
Дали ви пречеше тоа што откри дека сте алкохоличар?
– Не! Знам дека тоа го направи од срце, најмногу ми помогна. Сто проценти се даде за да ме врати на вистинскиот пат.
Како станавте зависник од алкохол?
– Не беше од некоја емотивна приказна, или тежок живот, туку од еуфоријата на радоста. Секогаш пиев кога бев среќен. Имам екипа со која свирам по клубови и секогаш кога работевме во локали пиевме. Така се случи да се тргнам од колосек на нормалниот живот.
Тој откри дека имал периоди од животот кога воопшто не бил трезен.
– Така е во последно време. Мислам дека некоја волја, храброст остана во мене, семејството се разбира и одличен ментор. Мојата кариера е во прашање, знаев дека морам да се променам себеси. Пиев, пиев и шест месеци не сум се напил ниту капка алкохол.
– Има блокатори што ги земам, како инјекции и апчиња. Станувате алергични на алкохол. Дури и мала доза да конзумираш може да биде трагично. Тешко беше на почетокот, но се е подобро без него, многу е поубаво со бистра глава, полесно, се е супер сега па не ми треба алкохол. Сега мразам да пијам. Алкохолот може само да ме врати назад и затоа бегам од него, истакна Јосифовски за српски Курир.
Во Македонија го очекуваат Александар за да се прослави успехот во шоуто:
– Славењето сигурно ќе биде сигурно кај мене дома, баба сигурно нешто ќе подготви некои специјалитети, ќе имам прилика да се видам со многу луѓе за кои знам дека ме чекаат, рекол и додал дека ќе му недостасува натпреварувањето.
– Се ќе биде рамно за разлика од она за кое овде се дружевме, сето тоа дружење останува во нашето сеќавање, благодарен сум на продукцијата од која имаме голема поддршка и од жирито исто.