Кафе муабет

“Не можам да спијам”: Луна Џогани позираше во кратко здолниште, и се пожали дека има проблем!

Стомакот расте од ден во ден...

Бремената Луна Џогани секој ден објавува фотографии на својот Инстаграм профил, а како што може да се забележи од нив, стомакот расте, и секој ден е се поголем и поголем.

Дека таа ужива во бременоста не е тајна. И самата пред извесно време изјави дека поминале деновите на мачнини, и сега е повесела и поенергична.

Луна моментално е во петтиот месец од бременоста, а од нејзиниот стомак би се рекло дека бебето напредува точно како што треба.

фото инстаграм

Луна овој пат позирајќи во кратко сиво здолниште и бела тенка маичка која го оцртува бременото стомаче сподели кратко видео и се пожали на следбениците.

„Не можам да спијам“, напиша во описот.

Овој пат Луна позираше во бањата, а нејзиниот изглед веднаш привлече големо внимание.

 

Да потсетиме, Луна и нејзиниот свршеник Марко Миjковиќ чекаат девојче, на кое решија да му го дадат името Миа.

Тие започна да живееат  заедно по завршување на третата сезона на Задруга. Марко ја запроси Луна на 6 септември минатата година, а веста дека ќе станат родители за прв пат ја споделија на крајот на минатата година.

Фото Инстаграм

Анабела Атијас е особено среќна што нејзината прва ќерка ќе стане мајка и воодушевено зборуваше за тоа како би сакала нејзината внука да ја нарекува „Баба Бела“.

Инаку пред неколку дена Луна објави дека се враќа на својот препознатлив имиџ, а воедно и рече дека не се здебелила за време на бременоста, туку ќе биде згодна мамичка…

Фото Инстаграм

 

Луна имаше кратка коса, а сега реши да ја надогради и стана русокоса, а со фотографијата на која го држи трудничкото стомаче, што јасно се гледа, ги воодушеви своите обожаватели.

– Луна се врати. Помина потешкиот период од бременоста, гадење, замор и тоа е веќе минато – не ми е гајле како изгледам! Сега влегувам во 5-тиот месец како старата Луна. Руса и долга коса… тоа сум јас. Се чувствувам како да сум во мојата кожа! напиша Џогани.

-И нека се знае, не се здебелив, носам широка лабава облека, па изгледам огромно. Јас сум згодна трудница напиша Луна во описот на најновата фотографија која ја сподели на Инстаграм.

 

Таа доби бројни комплименти и пофалби дека бременоста неверојатно и прилега и дека е разубавена.

На почетокот од бременоста Луна изјави дека често пати има промени во расположението и дека понекогаш плаче кога ќе се погледне во огледало бидејќи мисли дека е дебела. Сепак, свршеникот ја разбира и се обидува да и ги исполни сите желби.

Foto Intagram/Luna Djo
Foto Intagram/Luna Djo
Фото Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close