Кафе муабет
Не можам да го задржам Раша затоа што НЕ МОЖАМ ДА МУ РОДАМ ДЕТЕ: Гоца Тржан скршена од болка, призна се
Вели дека и покрај се многу се сакаат...
Гоца Тржан важи за една од оние јавни личности без влакна на јазикот а кога станува збор за приватноста секогаш е искрена кон својата публика.
Гоца Тржан не крие дека таа и нејзиниот избраник Радомир Новаковиќ со години се борат за потомство, а бидејќи оваа желба се покажа тешко остварлива, често тема е разводот на Гоца и Раша.
Разликата во години е и причина за овие шпекулации, но Гоца и Раша успешно се спротивставуваат на искушенијата и повторно докажуваат дека нивната љубов е посилна од се. Успехот на ин витро оплодување им е примарна цел и не се откажуваат од големата борба.
Овој хармоничен пар не се навраќа на негативните коментари, а како што тврди пејачката разликата во години не може да им наштети на нивната врска:
– Не ми е гајле за другите луѓе и предрасудите. Луѓето кои ме познаваат мене и Раша знаат колку сме компактни и колку добро функционираме. Животот е премногу краток за да го живеам во страв од иднината… Сакам да го живеам мојот живот во потполност, бидејќи нема иднина, нема минато, постои само овој момент што го живееме сега – изјави Гоца во една прилика и додаде:
– Ги живеам најубавите години од мојот живот, дури и да мислев во тој момент кога се сретнавме јас и Раша и да речев: „Еден ден ќе ја видиш таа разлика“, немаше да ги имам овие најубави 11 години во мојот живот. Дефинитивно ќе ја видите разликата, не ни кријам… Се шегуваме со тоа. Во суштина, ние неизмерно се сакаме и почитуваме, нашата врска и брак не се засноваат само на физичка привлечност. Еден ден ако сака да биде со помлада и поубава жена, не можам и нема да го задржам, бесмислено е, бидејќи и јас на 60 ќе му бидам пиленце на некој 80 годишен чичко, рече Гоца.
Како што е познато Гоца од бракот со Иван Маринковиќ, познат како учесник во реалното шоу Задруга, ја има ќерката Лена а неодамна во јавноста се појави и веста дека конечно ќе им се исполни најголемата желба.
Наводно таа после долго време конечно успеа да одржи вонтелесна бременост. Нејзиниот многу помлад сопруг Раша се пофалил на пријателите кои цела вечер ги частел во кафеана.
Иако е во средни години, Гоца не е загрижена за оваа бременост и пресреќна е што доби шанса за уште едно дете.
Сè уште не смислиле име, навистина е рано за тоа кога не го знаат ни точниот пол на детето.
Гоца зад себе има еден неуспешен брак со Иван Маринковиќ, кој стана уште попознат како татко на детето Миљана, која во реалното шоу Задруга влезе додека беше бремена.
Гоца Тржан, неодамна во една емисија отворено одговарајќи на многу прашања, изјави дека првиот брак за неа бил грешка, но дека повторно би го повторила истото и дека од тој брак добила нешто најважно во животот.
Таа за прв пат ја отвори душата и искрено раскажа како се справува со прашањата поврзани со борбата за потомство а зборуваше и за тоа каква мајка е и откри како растеше Лена.
– Можам да ви кажам, тоа што се омажив за прв пат. Но, таа грешка ми ја донесе најголемата награда во мојот живот. И пак би повторила се, за да имам свое дете, искрено изјави Гоца Тржан.