Uncategorized

НЕ ЗНАМ ЗОШТО ГО ДОЗВОЛИВ ТОА ?! Рада и Харис раскинаа, пејачката проговори за големата промена во животот!

Му предложила на Харис да одморат од врската...

Веќе извесно време се зборува дека Рада Манојловиќ наводно раскинала со девет години помладото момче, пејачот Харис Берковиќ. Според медиумите, таа решила да ја прекине врската и го замолила да се исели од станот.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Рада забележала дека многу работи почнале да се земаат здраво за готово во нивната врска, дека ништо не е исто како порано, па му предложила на Харис да одморат, да се разделат и да видат дали си недостигаат и дали меѓу нив сè уште постои љубов или се е само навика.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Помина извесно време од раскинувањето, а живот на Рада како слободна девојка и укажа на некои грешки, стравови и може да се каже дека ја освестил за многу работи.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Забележав дека се плашам од минливост, кога нешто е толку конечно и после кое нема враќање. Би рекла и дека се плашам од непознатото, она што не можам да го видам и контролирам. Бев доста лоша во организација, можев да работам неколку ноќи по ред, а потоа да спијам исто толку, да се разбудам со мозочен удар и целосно неволна за живот. Конечно успеав да го решам тоа сега. Не знам зошто претходно не го земав животот во свои раце и зошто тоа го дозволив – изјавила пејачката која не симнува насмевка од своето лице при гостувањето во емисии.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Она што е ново кај Рада Манојловиќ е што таа конечно се пресели во Белград. Пејачката од Четереж купи стан во главниот град по 14 години живот под кирија! Како што дознава српски Информер, фолк ѕвездата купила имот на Врачар вреден 180.000 евра!

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Рада со години работеше напорно секој викенд и штедеше додека не собра доволно пари за да живее во Белград. Таа со месеци била во обиколка на становите и неодамна го пронашла идеалниот на Врачар. Таа дури добила и попуст од продавачот, кој признал дека и ја намалил цената затоа што е нејзин обожавател! Не знам точно колку успеала да заштеди, но знам дека за тој стан на крајот платила 180.000 евра – вели добро упатен извор и открива како изгледа новиот дом на Рада:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Пејачката купила две места во гаражата во зградата во која живее.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

-Едниот гаражен простор е за Рада, а другиот е наменет за нејзините гости. Така често таму се паркира нејзиното момче Харис – истакна изворот па така даде и потврда дека тие се повторно заедно.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Рада е прекрасен сосед! Секој пат љубезно одговара, разговара со нас, скромна е и убава. Ја гледаме во пекара, продавница… Забележавме дека нејзиниот „џип“ преку ден е секогаш паркиран во гаражата, а штом се стемни, тоа место е празно. Ја прашувавме каде оди секоја вечер, ни рече дека има многу тезги, па често патува – вели соседката на Рада и додава дека се уште не го запознала момчето на пејачката:

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

– Ја гледаме нејзината сестра Марија, и таа е многу фина, а Харис уште не сме го виделе. Се надеваме дека наскоро ќе се всели кај неа, тие се прекрасен пар!

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close