Кафе муабет

“Не заштедив пари, но не е точно дека немам за да го нахранам детето”: Пејачката и возврати на Шерифовиќ и призна- “Се изгубив себеси”!

Единствен извор на приход и беше музиката...

Во интервју за српски Курир, предизвикана од Марија Шерифовиќ, пејачката Ивана Петерс истакна дека не е точно дека рокенролот и поп музиката, жанровите што таа  ги пее, не можат да заработат доволно пари, иако признава дека ситуацијата не е како што беше пред ситуацијата со коронавирусот.

– Времињата се тешки. Секој од нас се плаши за својата иднина. Не е точно дека неможам да го хранам своето дете, како што мислеа некои. Некако сите се навикнавме на оваа нова нормала. Сега треба да поставиме јасни правила за тоа кои сме и кои не сме. Порано беше можно да се живее добро од рокенролот, бидејќи се прилагодивме на нашиот пазар – рече Ивана за српски „Курир“.

foto instagram

Таа се осврна и на тоа што нејзината ќерка Сара би сакала да прави во иднина.

foto instagram

– Сара ги менува интересите и не знае што да прави во животот. Сега таа би сакала да биде директор. Отсекогаш ја привлекувала уметноста. Таа го наследи својот глас од мене – вели пејачката.

foto instgram
foto instagram

Ивана го коментираше и фактот дека Марија Шерифовиќ ги критикува натпреварувачите кои ги пеат нејзините песни во „Ѕвездите на Гранд“.

– И нејзините песни бараат многу. Марија ги критикува натпреварувачите со причина. Таквиот натпревар не може да создаде слика како некој пее. За мене, тоа е повеќе реално шоу отколку кариера и живот на младите. Некој ќе направи кариера затоа што има став или вокал, а не поради шоу. Мислам дека луѓето треба да пеат што сакаат. Не е важно што ќе им каже некој ако уживааат во тоа – рече Ивана Питерс.

foto instagram

Музиката и е единствен извор на приходи

Пред извесно време таа истакна дека музиката и била единствен извор на приходи.

Исто така, пејачката посочи дека не заработуваат сите пејачки иста суми на пари, па смета дека токму оние кои не се најголеми ѕвезди се во големи проблеми.

„Тоа ми е единствен приход што го имам во животот. Ништо друго не правам. Само сум пејач. Од тоа се хранам себеси и своето дете и членовите на семејството на кои треба да им помагам. Ми недостасува и работата со која се занимавам зошто тоа е мојата љубов. Потполно се изгубив себеси и не знам што да правам ако не најдам некој начин да заработам пари поинаку.

Сето ова што се случува најмногу влијае на музичарите кои не се мега ѕвезди, ѕвезди на фолк музиката и немаат кариера долга 50 години како што се Здравко Чолиќ, Лепа Брена. Јас навистина не успеав во животот да стекнам како нив. Се занимавав со некоја музика која мене ме подигнуваше, мислев дека придонесувам на домашната музичка сцена со квалитетна музика. Не сакам сега да се чувствувам виновна поради тоа што не се занимавам со некоја полесна музика или комерцијална.

Сите нас сега не погоди истата работа, со тоа што некои, со мерки на заштита можат да работат… лекари, забари, фризери“, рече Ивана.

 

„Јас конкретно не штедев. Немав голема заштеда која сум ја одвојувала за црни денови. Тоа никогаш во животот не сум го имала, зошто јас не функционирам на тој начин. Штом ќе тргнам да собирам пари за нешто – се троши.

Ако премногу штедам, јас не заработувам, Марфиев закон. Јас гледам на парите како на нешто што треба да тече. Не сум Пајо Паторот кој крие некаде на страна. „Зошто не си заштедила? Па не заштедив! Кој мислел дека вакво нешто ќе се случи? За права помош имам, но не знам како ова ќе продолжи. Сега живеам од Сокој и уплатите кои лежат од моите авторски права. Тоа се некои пари кои капнуваат во текот на годината, ама повремено. Освен тоа, имам добри семејни односи, така што се снаоѓаме и тоа е тоа… Понатаму не знам.

Прилично се најдов во небрано лозје. Знаете, можам и јас да работам и некои други работи, но најдобра сум во ова што го работам. Можам да работам нешто што не е во мојата сфера… Не сме ние виновни што сме познати и што немаме сега работа, заклучи Ивана Петерс.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close