Новости

НЕ БЕВ ПОСТОЈАНО САМА ИЗМИНАТИВЕ 20 ГОДИНИ: Цеца за прв пат прозборе за љубовниот живот- пејачката откри што треба да поседува мажот кој сака да биде со неа!

Цеца ретко зборува за својот приватен живот во јавноста....

Иако нејзиниот сопруг е покоен речиси 20 години, познатата фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ која важи за една од најатрактивните на Балканот, ретко говори за својот приватен живот, а во медиумите сиве овие години немавме можност да ја видиме со друг маж.

 

Во интервју за српски Курир, Цеца откри, дека најважно е што нејзините деца Анастасија и Вељко отсекогаш биле нејзина поддршка, кога станува збор за љубовниот живот.

– Отсекогаш сум имала поддршка од децата, тие не сакаат да бидам сама. Ние едноставно правиме сопствен избор. Не бев сама сите овие 20 години, не го изложував тој дел од мојот живот во јавноста, но долг период и бев сама. Најдолго сум била сама, две и пол години. Не е среќа да имаш само партнер, јас не сум жена што ќе биде со некого по секоја цена, подобро е да бидам сама отколку со било кој. Никогаш не сум осамена, имам прекрасно семејство. Јас не сум жена што може да биде механички со некого, јас сум крајно емотивна, ми треба некој што ќе ми биде пријател, јас сум во мојата куќа без шминка, во пижами, не сум принудена да фасцинирам некого 24 часа на ден, мора да ме сакаш навистина онаква каква што сум јас потенцираше Цеца за српски „Курир“.

Цеца откри и како се сретнала со оние мажи со кои била во врска…

– Жените од јавната сцена тешко можат да стапат во контакт со луѓе. Некој може да стапи во контакт со мене само преку пријатели, не можам туку така да влезам во врска, луѓето се подготвени на сè и сешто, неможам да си играм со мојот карактер, работата и моите деца, како би знаела кои се неговите намери? Отсекогаш сум била претпазлива, треба да се мисли на сè, не постојам само јас – вели фолк дивата, и додава:

фото Инстаграм

 

-Физичкиот изглед привлекува внимание, но подоцна гледате дали има хемија, дали се разбирате, забавувате, сè се врти околу хемијата меѓу луѓето. Не е важно дали се работи за постар или помлад партнер.

 


Светлана Цеца Ражњаттовиќ беше во брак со Жељко Ражњатовиќ до неговата сmрт, а за нејзиниот љубовен живот пред и по него не се зборуваше многу.

 

ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Неодамна е објавено како сега изгледа Владимир Цветковиќ – Цвеле, единственото момче кое Цеца по Аркан го покажа пред јавноста.

Владимир шест месеци се забавувал со пејачката на почетокот во 2010 година кога својата романса конечно и ставиле крај.

ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Цвеле е единствениот маж кој Цеца го престави во јавноста, делуваше дека оваа љубов ќе потрае, но и двајцата во една прилика изјавиле дека се два различна света.

– Се раздвоивме поради непромислени разлики во карактерот, но со договор и без лоши зборови.

ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Ни се случи тоа што се случува и со другите парови, така што за нашата разделба нема нишо сензационално.

Ќе останеме пријатели, и ќе ги сочуваме убавите спомени кои ги поминавме заедно, изјавила Цеца по разделбата.

 

ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

– Цеца не сака многу да се движи, па повеќе време минува дома. Не е авантурист по природа како јас.

Тоа што се случи по врската ми засмета, имав неколку непријатности од страна на новинарите, кои пишуваа невистини, а моите коментари не сакаа да ги објават, во една прилика изјавил Владимир.

 

 

ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Ова е прв пат Цеца јавно да проговори за љубовниот живот.

Таа откако остана вдовица никогаш не изјави дека е заљубена или пак да открие дали некој маж и го има освоено срцето.

 

ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Погледнете како изгледа денес Владимир:

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close