Кафе муабет
Нејзините родители се противеле на нивната врска, бил сиромав и не го прифакале за зет- ова е љубовната приказна на Дино Мерлин!
Тој и Амела се заедно од 17 години..
Дино Мерлин, кој важи за една од најголемите музички ѕвезди во регионот ретко кога зборува за својата приватност и семејството го држи далеку од очите на јавноста сиве овие години.
Дино Мерлин, ретко може да се види во јавноста со неговата сопруга Амела, со која има две деца, а неодамна доби и внук.
Она што малкумина знаат е дека љубовната приказна на Дино и Амела всушност не била поддржана од нејзините родители.
Како што во една прилика изјави и самиот пред бракот биле во врска пет години.
“Со сопругата Амела сум од својата седумнаесетта година и се уште сме добро. Нема никакви проблеми или скандали. Сепак, не сме во брак толку многу години, бидејќи се забавувавме речиси пет години“, изјави претходно Мерлин.
Беше љубов на прв поглед. Беше 8 август 1979 година.
Родителите на Амела биле против нејзината љубов кон Дино бидејќи тој бил сиромав, а таа студирала архитектура и потекнувала од имотно семејство.
“Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата. Само кумот и сестрата на Амела, која беше кума, беа со нас „Говорот на матичарот ми беше предолг, постојано гледав во вратата за никој да не наиде и да ни ја расипе среќата“, рече тој во една прилика.
„После свадбата отидовме на меден месец во Дубровник, а кога се вративме се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме влијанието на секојдневието. Имав голема одговорност за семејството и напорната работа, а родителите на Амела беа многу лути, не сакаа да слушнат за неа половина година“, се присети претходно Дино.
Во една прилика тој откри дека најтешко му било кога се вратил дома со празни раце и гладен по неговата прва турнеја низ Југославија.
-Мојата сопруга стоеше пред вратата и ме чекаше со бебето. Наида можеби имаше половина година, а сопругата Амела штотуку завршуваше архитектура. Таа тивко ме праша: “Дали ни донесе нешто? Немам ни за млеко. Јас немав ниту еден денар. Ништо не донесов, затоа што не заработив ништо. Имаше големи трошоци. Би дал сè, да можев да одговорам таа вечер:” Да, донесов 100 марки “.
Пејачот многу ретко зборува за своите деца и нивните успеси, но во една пригода истакна дека неговата ќерка не е заинтересирана за материјални работи, односно дека е приземна и вредна девојка, а Хамза иако не е пред камерите, тој е во тимот на луѓе кој учествува во сите проекти кои се поврзани со неговиот татко.
– Материјалното не ја интересира Наида, за разлика од нејзиниот помал брат. Кога Хамза се роди, немавме никакви егзистенцијални проблеми и се навикна на тоа јас и Амела да му овозможуваме се што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, не чека да ја завршам реченицата, туку има листа со порачки, за разлика од неговата сестра која се роди кога ја почнував кариерата и во детството доживеа се – од немаштија до метафорички речено, „кавијар и шампањско“.Навикната е на скромен живот, па и нејзиниот одговор на моето прашање – што да ти донесам од Париз или Њујорк секогаш беше: „Ти благодарам тато, имам се, само побрзо врати се дома“, раскажа Дино во едно интервју.
За него како што вели најважно е неговото семејство а особено е горд на тоа што неговите деца сами си го одбрале својот пат во животот.
– Многу сум горд на моите деца кои сами го избраа патот и тргнаа на училиште. Знам што се важни и кои се неважни работи во животот. Отсекогаш сум се обидувал да им се допаднам на многумина но не на сите. Јас секогаш се трудам да бидам солидарен со луѓето, секако бидејчи сум доста популарна личност сакам и да придонесам. Ако можам некому да помогнам на кој било начин – тука сум – рече Дино Мерлин.
Наида се занимава со информатички науки и гради интернационална кариера, а може да е пофали со завршени постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија.
Синот, Хамза Дервишхалиловиќ има 28 години, се школувал во Берлин, а студирал Менаџмент и политички науки во Истанбул.