Дом и семејство

Нејзиниот син почнал да готви кога наполнил една година: Оваа мајка е мета на критики- мојот син готви за целото семејство!

Критиките произлегоа кога таа откри дека детето има само три години а веќе знае да готви. Многумина ја осудија за ваквиот начин на одгледување...

Лора е мајка која за кратко време стана вирален хит на социјалните мрежи, но поради негативните коментари и критиките од корисниците на ТикТок.

foto Tik Tok

Имено таа на споменатата платформа споделила видео во кое открива дека го научила својот син сам да готви храна.

Критиките произлегоа кога таа откри дека детето има само три години а веќе знае да готви. Многумина ја осудија за ваквиот начин на одгледување, пишува „Сан“.

foto Tik Tok

Лора вели дека започнала да го учи синот да готви кога тој имал една година или штом тој успеал да следи едноставни команди но дека презела многу мерки на претпазливост кога првпат го учела да готви.

– Кога се толку мали, треба да воспоставите средина, да подготвувате сè по делови и да користите предмети што може да ги носи мало дете – објаснува таа и исто така вели дека започнала со наједноставните задачи за подготовка за готвење, како што се истурање, мешање и подмачкување садови.

foto Tik Tok
foto Tik Tok

Нејзиниот син првично не користел ниту еден рецепт кој вклучува топлина, но наместо тоа, правеше смути.

„Пред да го допре шпоретот, се осигурав дека ја разбира опасноста што доаѓа од него. Правевме и тест со исклучен шпорет и се уверив дека тој знае како да ја допира рачката, а не садот. Ако тој го допреше садот, јас го коригирав – објасни таа.

Дури и кога шпоретот бил вклучен, Лора вели дека користела исклучително мала топлина и секогаш го надгледувала својот син. Сепак, многу родители и корисници на социјални мрежи не се согласуваат со нејзиниот метод.

foto Tik Tok
foto Tik Tok

– Ова е многу опасно. Не е ниту слатко ниту интересно – коментира еден корисник, додека еден корисник додава: – Не треба да сте близу до шпоретот на оваа возраст. Треба да играте готвење, но не близу оган. 

Лора често објавува видеа од нејзиниот син кој готви како вистински професионалец, а можете да ги погледнете ОВДЕ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close