Кафе муабет

Необично и несекојдневно: Стилот на пејачката Сенидах е само за храбри жени!

Сака да експериментира со изгледот...

Атрактивната пејачка Сенида Хајдарпашиќ, во јавноста попозната како Сенида, секојдневно го привлекува вниманието на јавноста со својот стас, глас, но и единствената смисла за хумор.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Стилот на популарната пејачка би можел да се опише како ексцентричен, и придружен со необична фризура.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Модните избори што ги носи Сенида се несекојдневни. Јавноста е поделена околу стилот на пејачката или им се допаѓа или не, но едно е јасно, нејзиниот стил е исклучиво избор само за храбри жени.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида често може да ја видиме облечена во светли бои, животински дезени, кожа… и дефинитивно понекогаш го комбинира некомпатибилното.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Инаку Сенида Хајдарпашиќ, која се прослави како Сенидах, е музичка ѕвезда од Словенија која го освои регионот со својот специфичен изглед и вокал.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Таа во моментов е една од најпознатите изведувачи од овие простори токму поради нејзината автентичност.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Родена е во Љубљана, а нејзините родители се од Црна Гора.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Се дружам со луѓе чии родители се од различни делови на Југославија. Моите се од Црна Гора, одев таму два пати годишно – изјави Сенида, која ретко зборува за својата приватност и потекло.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Се трудам да избегнувам интервјуа и комуникација со медиумите. Моите блиски луѓе ја знаат мојата приказна, на другите им раскажувам за сè преку музика – изјави еднаш пејачката.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Семејството Хајдарпашиќ потекнува од Бихор од околината на Бијело Поље.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Според медиумите, нивниот предок е Хајдар-паша Селим. Дошол во Бихор со султанскиот берат во 1689 година со двесте коњаници и 1.600. сејмена пешадија. Роден е во Ајвалук, Анадолија. Тој имал задача да ги задуши честите побуни на Србите на таа територија. Потомците на Хајдар Паша се доста бројни и ги има низ цела Црна Гора, Србија, Босна, а многу од нив се преселиле во Турција.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ
фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ
фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close