Кафе муабет

Нема ништо послатко: Стефан и Тара најжестоки фанови на тато Новак Ѓоковиќ- видео што ќе ве растопи!

Она што е интересно е дека целиот меч од трибините го следеа децата на Новак, Стефан и Тара, секако со поддршка од мама Јелена ...

Новак Ѓоковиќ е владетел на Париз откако во финалето на Мастерсот во Берси го победи стариот должник Данило Медведев со 4:6, 6:3, 6:3 и со тоа стигна до шестиот трофеј на овој турнир.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

По лавовската борба во Берсија Новак Ѓоковиќ успеа да триумфира и уште еднаш покажа дека на теренот сè уште нема подобар, посилен или покреативен.

Она што е интересно е дека целиот меч од трибините го следеа децата на Новак, Стефан и Тара, секако со поддршка од Јелена сопругата на Новак.

Фото Принтскрин/Твитер
Фото Принтскрин/Твитер
Фото Принтскрин/Твитер
Фото Принтскрин/Твитер

Нивната реакција по решавачкиот поен на Ноле доволно говори за искуството кое го имаат децата на Новак.

На видеото кое стана вирално и за кратко го освои светот се гледа како децата заедно со нивната мајка Јелена му даваат поддршка на Новак во финалето.

Ноле често пати знае да истакне во јавноста дека и покрај напорните тренинзи, сепак секогаш наоѓа начин слободното време да го минува со своите деца, а кога тој се натпреварува тие се негова најголема поддршка.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
FOTO: Profimedia
FOTO: Profimedia

Тој ужива во бракот со Јелена Ѓоковиќ која е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Новак и Јелена се запознале во 2005 година на тениски турнир во Белград. Се среќавале повремено а три години подоцна се заљубиле. Се роди љубов, а потоа почнаа турнири, жртви и многу разбирање. Ноле патувал на турнири, биле разделени неколку месеци, но љубовта преживеала.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Новак Ѓоковиќ
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Новак и Јелена својата голема љубов ја крунисаа со брак на 10 јули 2014 година. Сега тие се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close