Кафе муабет

Нема да верувате со кого Душко го поминува времето кога не е со Карлеуша- за оваа фотографија сите зборуваат!

Душко е грижлив татко и посветен сопруг...

Врската на Душко Тошиќ со ќерките Атина и Никa не и беше позната на пошироката јавност, а по најновата фотографија стана јасно каков татко е всушност познатиот фудбалер.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Имено по сите шпекулации кои можеа да се прочитаат во медиумите, врската на Душко Тошиќ со ќерките Атина и Ника беше исто така на тапет.

Фото Инстаграм/ Душко Тошиќ

Но сепак сопругот на Карлеуша сега докажа колку е грижлив татко, и дека слободното време сака да го поминува со своите наследнички.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено, Душко пристигна во Србија за празниците, а откако беше на маестралниот настап на Јелена, реши квалитетно да го помине времето со своите ќерки.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Грижливиот татко е исклучително приврзан за Атина и Ника, како и за сопругата Јелена, а кога е со нив се труди целосно да ги задоволи. Така, по најновата објава на фудбалерот на социјалните мрежи, беше откриено дека и Душко поминува време во друштво на своите ќерки и не сака да пропушти ниту еден момент со своите наследнички.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Судејќи по фотографијата, Атина и Ника се пресреќни, а тој идиличен момент Душко го споделил со своите следбеници на социјалните мрежи кои биле воодушевени од неговото однесување.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

За потсетување, неодамна Карлеуша раскажа како се чувствувала во периодот на интернет насилство…
Таа со трогателна порака им посочи на сите оние кои се соочуваат со ваков тип на насилство, кои се во депресија да не се откажат од својот живот.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Поп двата Јелена Карлеуша за прв пат откри дека за време на страшниот медиумски линч низ кој поминала пред две години мислела на најлошото, а откри и како таа успеала да излезе од депресија.
Меѓутоа, она што дополнително ги заинтригирало нејзините придружници е фактот што открила како изгледал односот меѓу неа и нејзиниот сопруг Душко во тие најтешки денови за нејзиното семејство.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Тогаш го преживеав пеколот на масовното јавно силување… и пеколот во куќата, поради тоа, што ми беше особено тешко. Во еден момент помислив на најлошото и му кажав на Душко (неговиот одговор нема да го напишам овде, но никогаш нема да го заборавам). И тогаш на самиот крај на мојот ужас, се случи нешто неверојатно. Ми се разбуди незадоволството и го вклучив системот за преживување – напиша Јелена на „Инстаграм“ и за прв пат на јавноста и откри каков бил животот во домот на семејството Карлеуша – Тошиќ во време кога медиумите брмчеа за пропаѓање на нивниот брак, кој две години подоцна е постојана шпекулација, но сепак преживеа и покрај се.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Избрав да ја послушам мојата мајка,да бидам силна и никој да не биде поважен од мене и вреден за моите солзи. Сега јас ви го велам тоа на вас, напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.

-Главата горе, животот е убав, стани и бори се- посочи Карлеуша…

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Во интервју за Ексклузива.ба Јелена истакна дека многу се борела за својот брак со Душко, па иако многумина често пати коментираат како тој е оној кој е “жртва” во бракот, сепак Јелена го тврд спротивното.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Петнаесет години се борам за зачувување на бракот. Мислам дека секогаш жените се повеќе за оваа институција, и бракот и семејството. Ние сме такви животни, вели Јелена.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

За ќерките Ника и Атина вели дека се многу скромни деца кои ги почитуваат останатите.

– Сите што ги познаваат моите деца имаат само пофални зборови за нивната скромност и воспитување. Како што Дивна ме научи да бидам ист човек и кон работникот на „Градска чистота“ и кон претседателот, да не бидам материјалист, да имам емпатија кон луѓето и животните, да не ги ставам моите лични потреби во преден план, така ги воспитувам и децата.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Тие се збир на нашите силни и слаби страни. Мешавина на генетика и магија на растење во посебни услови на деца на јавни личности. Но, ќе бидам пристрасна, па ќе кажам дека ова се деца на мама со мали моменти на тато.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Од друга страна заради бројните шпекулации што кружат во медиумите, многумина се прашуваат дали Карлеуша и Душко  живеат заедно кога фудбалерот престојува во Белград.

Душко одреме-навреме ќе објави некоја фотографија, а добро познато е и тоа дека не се пријатели на Инстаграм.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Имено, тој на својот Инстаграм сподели фотографија на која се гледа зимската магија во дворот од нивната куќа.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Во истиот двор Карлеуша неколку часа претходно ги направи фотографиите со кои го запали Инстаграм.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close