Кафе муабет

Нема да бидам јадница која ќе го чека: Јелена Томашевиќ прозборе за разделбата со Иван Босиљчиќ

Денес се еден од најхармоничните парови...

Разделбата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ никој не можеше да ја предвиди.

фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Како гром од ведро небо одекна во медиумите разделбата на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ и многумина беа изненадени од фактот дека големата љубов пукна во еден момент.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Јелена и Иван денес важат за најхармоничен пар на јавната сцена кои својата љубов ја негуваат повеќе од десет години, а пред брачниот завет се забавуваа една година, кога во меѓувреме дојде до прекин на врската.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

– Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Јас и Иван се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за неа: треба или не. Сега од оваа перспектива разбирам дека не сме знаеле како да се справиме со тоа, дека можевме многу поелегантно да поминеме низ сето тоа, но тогаш едноставно не го знаевме тоа – изјави Јелена во една прилика во емисијата. „Кец на единаесет“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Набрзо пејачката добила повик од нејзиниот пријател Сергеј Четковиќ, познат пејач и текстописец, кој и ја напишал песната „Да ми е да ми се врати мој драги“, но песната завршила во фиока бидејќи Јелена одбила да ја отпее во тој момент.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

– Со Иван се разделивме, но емоциите не стивнуваат. Затоа почувствував дека не можам да отпеам таква песна, дека не можам да бидам некоја „кутра“ која сака Босиљчиќ да и се врати – искрена беше Јелена.
Но, тие по извесно време сфатиле дека се создадени еден за друг и се помириле аа потоа се венчале. Круна на љубовта е нивната ќерка Нина. Јелена во меѓувреме се сетила на одбиената песна и му ја отсвирела на актерот и му објаснила зошто одбила да ја сними.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

– И помина некое време, богами, мислам две години, јас и Иван веќе се смиривме. Во секој случај, во една прилика му реков: „Па, да ти ја пуштам песната која ми ја напиша Сергеј, а јас никогаш не ја отпеав“. Кога ја слушна песната, Иван се воодушеви: „Ова е божествено, зошто не го сними? – откри таа.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ
фото инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
фото инстаграм/Иван Босиљчиќ
фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close