Кафе муабет
Немања ја погоди слабата точка: Анастасија за прв пат прозборе за веридбата- откри кога ќе стапне на “лудиот камен”!
И подари портрет за роденден...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ се појави на настан во Белград каде проговори за роденденската прослава, но пред новинарите прозборе и за подарокот што го добила од нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ.
Нема сомнение дека Гудељ и ги исполнува сите желби на младата Ражнатовиќ, која судејќи по насмевката е лудо заљубена во своето ново момче.
Анастасија Ражнатовиќ била воодушевена од портретот на нејзиниот покоен татко, кој го добила од своето момче.
-Сите сте виделе, тоа е слика од мене и татко ми, навистина ме разнежни и мене и мајка ми, што до некаде е нормално затоа што тоа е болна точка, но прекрасен гест – изјави Анастасија која откри и како поминала забавата. :
– Беше фантастично, феноменално, една од подобрите забави во мојот живот, што се однесува до мојот роденден, свадбата на Вељко е се уште на прво место што се однесува до забавата, за мене беше феноменална, сите си поминаа одлично и добив грст пораки следниот ден, беше најдобрата забава досега.
Бидејќи се шпекулираше дека Немања ќе ја запроси, Анастасија имаше само едно да каже на таа тема.
– Немам што да кажам, кратко сме заедно, не размислувам во таа насока, уживам во моментот како и во се во живото – изјави Анастасија за „Информер“.
Инаку како и Анастасија така и Цеца Ражнатовиќ е воодушевена од тоа какво момче избрала нејзината ќерка , но наводно ја советувала се уште да не се мажи „бидејќи е премлада“.
Младата пејачка толку се заљубила во фудбалерот што по само три месеци врска веќе е подготвена за брак.
– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторникот со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично!
Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор за „Информер“ и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:
– Се беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24 роденден.
Анастасија исто така очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!
– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.
Дека Ражнатовиќ не би сакала наскоро да добие зет, потврди и нејзината пријателка Марија Шерифовиќ која беше на роденденската забава на Анастасија.
– Цеца не би сакала Анастасија да се мажи, ми кажа! Ми се чини дека Анастасија навистина би сакала да се омажи за Немања, но Цеца смета дека нејзината ќерка е уште млада за тоа – изјавила Марија.