Кафе муабет
НЕВЕРОЈАТНО СВЕДОШТВО НА МЛАДА МАЈКА: Имав јаки менстpуaлни бoлки и грчеви- отидов во болница и се породив!
Младата Холи немала никакви симптоми на бременост, но го родила малиот Тео!
Холи Хентон од Лестершир го раскажува своето искуство со бременоста. Имено таа воопшто не ни знаела дека носи бебе во стомакот се додека пред седум месеци не почувствувала силна болка и веднаш се упатила на доктор.
23 годишната Холи мислела дека се работи за силни менструални болки кои ги почувствувала додека била на работа. Веднаш го затворила ресторанот и повикала итна помош.
Кога пристигнала Брзата помош, Холи дознала дека е пред породување, и дека е во 41-та недела од бременоста, па веднаш била пренесена во болница, каде гинекологот потврдил дека е во 41 недела од бременоста но се уште не е пукнат водењакот, па поради тоа требале да почекаат.
Иако Холи можела да ја повика својата мајка додека била во болница, сепак таа посакала поголемиот дел од оние четири дена кои ги поминала таму да биде сама борејќи се да го сфати она што го доживеала.
Без никакви симптоми на бременост, со царски рез, таа го донесе на свет момчето Тео.
“Имав менструален циклус и ништо друго не се случуваше. Се здебелував малку, но мислев дека тоа е заради Божиќните празници. Во ниту еден момент не се сомневав дека сум бремена”, изјавила Холи.
Холи не се сомневала дека е бремена, поради тоа што немала гадење ниту труднички стомак.
“Кога ми рекоа дека сум бремена 41 недела, бев шокирана. Отсекогаш знаев дека сакам да станам мајка, но само кога ќе бидам во здрава и среќна врска”, додава таа.
Кога се породила, таа имала 22 години. Пушеше и излегуваше со пријателите за време на викендите. Но после породувањето се се смени преку ноќ.
„За среќа, Тео е здраво бебе и не можам да замислам живот без него“, заклучила Холи.
Таа посочува дека и било тешко по породувањето, бидејќи воопшто не била во здрава врска, но по неколку недели, со поддршка од нејзината мајка и пријателите, новата мајка започнала да развива посебна врска со нејзиното мало момче.
Холи раскинала со таткото на Теоа, минатиот август, но сепак решила да му ги соопшти убавите вести, па сега тие иако не се заедно, го одгледуваат детето најдобро што можат.
„Не им кажував на луѓето неколку недели, бидејќи ми беше срам дека сум самохрана мајка, и се уште се помирував со тој факт, но кога дознаа, тие почнаа да купуваат пелени, облека и секакви играчки за Тео.
Извор: Miror.co.uk