Новости
Неверојатно – вака изгледа сопругата на Вело Марковски четири недели по породувањето!
Евгенија објави фотографија на која блеска
Сопругата на познатиот инфектолог Вело Марковски, Евгенија Николовска Марковска пред четири недели се породи.
Евгенија која е поранешен модел на социјалната мрежа Инстаграм често објавува фотографии, а овој пат покажа како изгледа по породувањето. Од нејзините фотографии на оваа социјална мрежа можеме да видиме дека гордата мама живее здрав живот и дека води сметка за својот изглед, па затоа и додека беше бремена изгледаше одлично и немаше проблем со килограмите.
Таа за брзо време по породувањето се врати во топ форма, па на Инстаграм објави фотографија на која носи црвени хеланки и спортски кратка блуска под која се гледа нејзиниот рамен стомак.
Таа се породи пред само четири недели кога роди женско дете, а сега на првиот тренинг по породувањето, повторно блеска.
Покрај ќерката, поранешната манекенка и Вело имаат и син кој ќе го добијат набргу откако ќе запловат во брачните води.
Евгенија долго време важеше за еден од најубавите жени во Македонија. Во текот на нејзината кариера како модел се има појавено на бројни ревии и има освено повеќе титули на разни избори за убавина.
Се има појавено и во неколку спотови, а набргу откако ќе заплови во брачните води ќе го роди и своето прво дете.
Евгенија откако ќе дипломира ќе се стекна со титулата магистер, а со Вело и покрај разликата во годините важат за одличен пар.
Инаку, Вело пред бракот со неа, беше во брак со позната поранешна пратеничка во македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од нашиот познат инфектолог Вело и гордата мама Евгенија.