Новости
НЕВЕРОЈАТНИ ФОТОГРАФИИ ОД ИЗРАЕЛ КОИ ЈА ВРАЌААТ НАДЕЖТА: Сонце, лето, полни барови- живот без маски!
Министерството за здравство соопшти дека заштитните маски ќе продолжат да се носат во затворени јавни простори...
Благодарение на масовната вакцинација против ковид-19 во Израел, од денес, граѓаните можат да излезат од своите домови без заштитни маски. Ова е уште еден чекор кон враќањето на нормалниот начин на живот во Израел.
Околу 81 процент од населението постаро од 16 години во Израел ги примило и двете дози од вакцината, а бројот на заразени и хоспитализирани нагло опаѓа.
Сепак, влезот на странци сè уште е ограничен, а Израелците кои не биле вакцинирани и се вратиле од странство мораат да се самоизолираат поради загриженост дека новите варијанти на вирусот можат да влијаат на повторно ширење на вирусот.
– Во моментов водиме во светот кога станува збор за справување со коронавирусот. Сепак, сè уште не сме завршиле со него. Тој може да се врати – рече премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Носењето заштитни маски на отворено беше наметнато пред една година, а сега е укинато. Сепак, Министерството за здравство соопшти дека заштитните маски ќе продолжат да се носат во затворени јавни простори.
„Дишете слободно“, гласи насловната страница на дневниот весник „Израел Хајом“.
– За прв пат по долго време без маска, ми се чини чудно. Ако треба да носам маска во затворен простор за да го завршам ова – ќе направам се што можам – рече Амитаи Халгартен (19) додека се сончаше во паркот.
Уште на крајот на месец март, беше објавена веста дека Израел целосно вакцинираше повеќе од половина од својата популација и е на работ на пост-пандемиска „нормалност“.
Отворањето на баровите, полните стадиони се надежта за враќање на нормалниот начин на живот. Вакцинираните полека ги вадат маските, а израелската економија ги чувствува и првите придобивки од брзата вакцинација.
Сопствениците на „зелени пасоши“ можат да одат во бар на пијалок, но не можат да разговараат со гости во нивна близина, поради правилата за празен простор помеѓу двајца посетители – освен ако не живеат заедно.
„Зелен пасош“ не е потребен за ручек или пијалок во градината на ресторанот или терасата.
Голем број ученици, кои со месеци беа надвор од училниците, се вратија во училиштата во средината на месецот, додека хотелските сали, спортските центри и храмовите повторно се отворија за вакцинираните со ограничен капацитет за прием. Туристичките атракции се исто така отворени.
Life is back !!! #TelAviv pic.twitter.com/1NoPBwb3YF
— k valerie (@v_kalifa) March 7, 2021