Кафе муабет
На СРЕЌАТА ѝ нема крај: Важен ден за Ребека и нејзиниот син – „Маркијан победивме“
Популарната македонска пејачка откри прекрасна вест за сите нас, ова дефинитивно е голем успех.
Ребека соопшти што успеале да изреализираат таа и нејзиното здружение „Дајте ни крилја“ и ги израдува скопјани и оние кои се соочуваат со сличен проблем како нејзиниот.
Ребека е една од оние жени кои и покрај тешкотиите со коишто се соочуваат, никогаш не ја тргаат насмевката од лицето и секогаш храбро се борат.
Таа од 2006 година е во брак со нејзиниот сопруг, докторот Мики Ристовски. Плод на нивната љубов, се нивните тројца синови, Маркијан, Доротеј и Макариј.
Мики и Ребека често во јавноста зборуваат за битката која ја водат со болеста на нивниот син прв Маркијан.
Дека со Маркијан нешто не е во ред забележале уште додека пејачката била во седмиот месец од бременоста. Како што изјави пејачката во едно свое интервју, тие прво виделе тумopи на срцето и промена на срцевата работа. Но, и покрај се тие одлучиле дека тој треба да се роди и храбро ги прифатиле сите предизвици кои им следеле.
Кога Маркијан имал само 3 месеци првпат добил епилептични напади. Понекогаш знаел да има и по 100 напади на ден. Но без оглед на нејзината тешка ситуација, пејачката морала да продолжи да пее. За да се патува и да се прават испитувањата надвор од нашата земја, со цел да се обезбедат најдорите третмани за Маркијан , потребни биле многу пари.
Ребека, како една од основачите и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, направи многу за да се подобрат условите за живот на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, а најмногу за тоа, многу од нив да ја добијат потребната, најчесто прескапа терапија која се најде на позитивната листа на ФЗО.
Таа соопшти уште еден успех кој го постигнале и откри дека е премногу радосна.
Карпошани изгласаа изградба на сензорни соби во детските градинките што ќе им се возможи подобар напредок и развој на дечњата со проблеми во развојот.
Ребека ја соопшти убавата вест на Фејсбук и ги израдува сите.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески