Новости
НА СРЕЌАТА И НЕМА КРАЈ: Пејачката во петата деценија од животот откри дека е бремена а сега на уникатен начин го откри полот на детето!
Балоните полетаа и открија ...
Во јули годинава една од најпопуларните водителки и пејачки во регионот Маја Шупут која е во петтата деценија од животот откри дека е бремена.
Нејзините фанови беа пресреќни и од сите страни пристигнаа честитки, но вчера пејачката која е во шестиот месец од бременоста, и треба да се породи во март, го откри и полот на бебето.
Балоните одлетаа, а пејачката и нејзиниот сопруг не можеа да ја сокријат среќата, кога ги погледнаа сините балони. Да, тоа значи дека Маја и нејзиниот сопруг Ненад Татринов, ќе добијат момче.
Откако го дозна полот на детето пејачката буквално полуде од среќа, и веднаш полета во прегратките на својот сакан.
Имено, тие го покажаа полот на детето на многу популарен начин, користејќи „кутија за изненадување“.
– Ме радува тоа. Па, ова е ми е прва, многу веројатно, со оглед на мојата возраст, и последна бременост, па нека биде детето среќно – рече Маја.
Еве како изгледаше:
View this post on Instagram
Инаку вчера Маја сподели фотографија со интимен момент, кога Ненад и го бакнува стомакот, и предизвика многу позитивни коментари.
“Најсреќна на светот во последните 6 месеци. 24 недела бремена”, напиша неодамна таа под една фотографија на која позираат со нејзиниот сопруг.
Маја Шупут и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов во октомври јавно ја објавија веста дека ќе станат родители, а Маја во интервју за Индекс.хр изјави дека моменталната состојба во светот е совршена за нејзината бременост.
“Ова е одлично за бременост затоа што нема работа. Не знам како би било да се биде во друг град секој ден и да пее до зори”, заклучила таа.
Маја во едно интервју вели дека со оглед на годините (41) најверојатно ова и е прво и последно дете, па затоа решила да му удоволи во се, па така пејачката веќе набавила се што е потребно за детето, но рече дека не сака јавно да го открие полот на бебето, но сепак го направи тоа.
Maja која е во шестиот месец од бременоста не пропушта момент а да не ги обелодени сите убави случувања во овој период.
Ненад плачел кога дознал дека Маја е бремена
„Признавам дека тоа беше шок за мене. Колку и да си подготвена во животот на некои работи, денот кога се случи тоа јас бев потполно во шок. Не можам тоа да го опишам. Секако помогна оној момент кога на ултразвук ќе видиш дека таму нешто се движи, раскажа Маја како реагирала кога дознала дека ќе стане мама, а ја опиша и реакцијата на својот сопруг, Ненад Татаринов.
„Тој почна да плаче, како и секој поштен иден татко. но тоа беше баш убаво, прв пат видов да човекот плаче“, раскажа маја и додаде дека откако е бремена постојано нешто и се јаде.